Македонија

Митровски: Тренираат строгост на обични смртници, а им играат пеперевка на оние кои ја покрадоа државата

„Следен пат кога за обичните смртници кои ги застапуваме ќе се бара притвор, особено на неосудувани или нема да се прифати гаранција, нема да бидам препознатливо борбен. Има да гризам“, пишува адвокатот

Адвокатот Јанаки Митровски реагираше со објава на Фејсбук по определувањето домашен притвор за бегалецот Артан Груби кој по 14 месеци „отсуство“ од земјата, вчера утрото беше уапсен на граничниот премин „Блаце“.

Во објавата, адвокатот вели дека од „објективни причини“ нема да ја коментира мерката домашен притвор, но упати порака до одредени адреси:

„Следен пат кога за обичните смртници кои ги застапуваме ќе се бара притвор, особено на неосудувани или нема да се прифати гаранција, нема да бидам препознатливо борбен. Има да гризам“, пишува Митровски и додава:

„Абе гол ќе се соблечам и нема да тренирате строгост на обични смртницикога на оние кои ја покрадоа државата пеперевка им играте“.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top