Свет

Трамп: Ги прекинуваме сите трговски односи со Шпанија

Тие беа непријателски настроени

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека Соединетите Американски Држави ќе ја прекинат целата трговија со Шпанија.

„Ќе ја прекинеме целата трговија со Шпанија. Не сакаме да имаме никаква врска со Шпанија“, изјави тој пред новинарите додека седеше во Овалната соба за време на состанокот со германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Тој додаде дека му рекол на секретарот за финансии, Скот Бесент, да ја прекине „целата работа“ со европската земја и членка на НАТО.

„Шпанија беше ужасна“, додаде тој, осврнувајќи се на реакцијата на земјите од НАТО на американскиот ракетен напад врз Иран.

https://x.com/i/status/2028878919986712877

„Шпанија во основа рече дека не можеме да ги користиме нејзините бази. Тие беа непријателски настроени. Шпанија нема апсолутно ништо што ни треба, освен одлични луѓе. Тие имаат одлични луѓе, но немаат одлично лидерство,“ рече тој.

Најмалку 15 американски авиони ги напуштија воените бази Рота и Морон во јужна Шпанија откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во текот на викендот, според податоците и мапите од веб-страницата за следење на летови FlightRadar24.

Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Шпанија нема да дозволи нејзините воени бази да се користат за напад врз Иран. Базите се заеднички управувани од САД и Шпанија, но се под шпански суверенитет.

Најнови вести од: Свет

ЕУ почна со забраната за увоз на руски гас преку цевководи

Посебна тужба против регулативите поднесе и швајцарската компанија „Норд стрим 2 АГ“, операторот на гасоводот „Норд стрим 2“. Таа компанија бара одлуката или нејзините клучни одредби да бидат поништени, тврдејќи дека забраната ефикасно ја лишува од можноста да го користи гасоводот за комерцијални цели.

Цената на нафтата паднаа под 80 долари за барел в очи на договорот меѓу САД и Иран

Цените на нафтата на светските пазари паднаа денеска за повеќе од пет отсто, под 80 долари по барел. До оваа ситуација дојде по сигналот дека САД и Иран би можеле веќе оваа седмица да постигнат договор со кој би се овозможил непречен премин на танкерите низ Ормускиот теснец и обнова на извозор на енергенси од регионот на Персискиот залив, пренесе „Трејдинг економикс“.

Трамп: Лага е дека САД му плаќаат на Иран 300 милијарди долари за мир

Претседателот на САД, ги отфрли тврдењата дека Вашингтон му обезбедува финансиска помош на Иран, нарекувајќи ги извештаите за финансирање од САД „лажни вести“ во услови на извештаи за пакет за реконструкција вреден повеќе милијарди долари, објавија Ен-Би-Си њуз и Фајненшнел тајмс.

To top