Македонија

Ристески: Владата има капацитет да се справува со кризи, не очекува поголеми потреси поради воениот судир

Како Влада будно ќе ја следиме ситуацијата. Колку побргу ќе заврши воениот судир подобро ќе биде за нас и за светот, истакна Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

„За енергенсите увозно сме зависни како држава и не можеме да бидеме отпорни на тие светски текови, посебно погодени од војната во Иран, меѓутоа сè уште не е алармантна состојбата, нема простор за загриженост во овие моменти“, рече тој.
 
Ристески не очекува поголеми потреси во однос на цената на нафтата, но оценува дека состојбата се следи и оти државата ќе реагира, ако има потреба. „Оваа Влада покажа дека има капацитет да се справува со кризи… Успеавме со одредени мерки и одлуки во минатиот период да се справиме. Работиме на среднорочна и долгорочна стратегија во однос на стабилизирање на цените, доведување на инфлацијата на степен кој ќе биде ист како инфлацијата во ЕУ. Тоа успеваме досега да го направиме, ја смиривме инфлацијата, рече Ристески.

Тој потсети како беше во време на претходната Влада. „Со едни неприродни мерки, интервенции во економијата. Бевме европски рекордер во инфлација и квартално, но и годишно имавме над 15% инфлација. Сега е смирена инфлацијата на 4%. Има позитивни сигнали и сметаме дека доколку воениот конфликт се заврши што побрзо и понатаму трендот на опаѓање на цените ќе биде во Македонија и инфлацијата ќе ја доведеме до проектираната 2,5-3%“, рече заменик-министерот.

Со грешните политики на претходната Влада, вели Ристески, ние на Балканот бевме синоним за извоз, посебно на храна – зеленчик, овошје, млеко… 

На прашањето дали македонската Влада е подготвена за она што може да се случи во иднина, Ристески одговара: „Да, подготвени сме, имаме капацитет. Имавме повеќе предизвици во минатиот период. Не само овој предизвик туку и другите сме подготвени да ги дочекаме спремни, со реална и предвидлива политика, а не турбулентна. Предвидливоста во економијата дава и добри резултати“.

Најнови вести од: Македонија

Уставниот суд одлучи: Линеарното покачување на пензиите не е неуставно и останува во сила!

Уставниот суд одлучи да ја запре постапката за оценување на уставноста на член 2 од измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување од 2025 година, со што престанува преиспитувањето на линеарното зголемување на пензиите. Со оваа одлука постојното законско решение останува дел од правниот поредок. Од Судот информираа дека предлогот за поинаква одлука не добил потребно мнозинство гласови, поради што постапката е прекината, пренесе МИА.

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец (30) исто како него ширел омраза кон македонската држава и идентитет преку општествените мрежи

На ваквите активности осомничениот бил поттикнат од бугарски државјанин, кој подолг период на социјалните мрежи и на други портали објавува содржини, чија цел е поттикнување омраза, нетрпеливост и насилство

Мицкоски: Претходната влада водеше канабис-економска политика, ова никогаш нема повеќе да се повтори во Македонија

Оваа Влада се обидува да најде начин да го задржи достоинството на македонските граѓани и да го придвижи евроинтеграцискиот процес напред, а за разлика од претходната влада, која водеше канабис економска политика, ги расчистува работите, десетици тони канабис веќе се запленети и се чекаат судските процеси – порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашања од независниот пратеник Скендер Реџепи.

Агресивни насилници од Студеничани попречувале полицајци во вршење службени дејства

На подрачјето на Драчево полициски службеници од СВР Скопје, вчера при контрола на Н.И.(22) од село Студеничани, Скопско, констатирале дека управувал возило без да поседува возачка дозвола. По кратко време на местото дошле две возила, од кои излегле неколку лица, меѓу кои и М.С.(30) од Студеничани, и ги попречувале полициските службеници при вршење на службените дејствија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Мицкоски: Пролетва состанок со претседателот на Турција Ердоган во Скопје – Ќе се засилат заемните односи

„Убеден сум дека како наш стратегиски партнер Турција ќе овозможи слободен пристап на македонските компании на турскиот пазар, оти дел од постојните пречки ќе бидат многу скоро избришани и македонските производители, посебно во земјоделието, фармацијата и во останатите гранки ќе може да најдат свое место на турскиот пазар.“ – рече премиерот Христијан Мицкоски.

To top