Бизнис

Нè чека нова криза, ако конфликтот на Блискиот исток не заврши брзо, алармираат економистите

Во случај на прогласување на кризна состојба на владата и стојат на располагање повеќе механизми. Агенцијата за нафтени резерви има законска обврска да обезбеди количини за непречено работење на економијата за 60 до 90 дена. Министерството за финансии може да ја намали акцизата за горивата до 4 денари или ДДВ-то за увоз на енергенси од 18 на 10 отсто. А можат да се носат и мерки како за заштита на граѓаните од високите цени, така и за погодените бизниси.

Ако конфликтот на Блискиот исток не заврши брзо, не чека нова криза и подгревање на инфлацијата. Економските експерти се надеваат на најдоброто, но предупредуваат дека треба да се подготвуваме како за најлошото сценарио. Универзитетскиот професор Борче Треновски за МТВ рече дека македонската економија уште закрепнува од претходните кризи и треба време, како што вели, да застанеме на „здрави нозе“.

Од Владата велат дека ситуацијата будно се следи и ако има потреба ќе се влечат потези.

  • „Постои ваков ризик да може да се зголемуваат цените. Секојдневно ја мониторираме ситуацијата. Ние како министерство за економија и труд значи работиме во насока да имаме стабилен пазар, да ги заштитиме правата на работниците, да го помагаме стопанството, а во делот на Владата значи ако се случува да предизвикува вакви ризици, ќе бидеме таму, транспарентно ќе донесеме одлуки“, порача Бесар Дурмиши.

Ако кризата потрае ќе се носат мерки, законот во кризна состојба дозволува намалување на ДДВ-то за нафтени деривати и намалување на акцизата.

За сега нема одлука за прогласување на кризна состојба. Министерката за финансии, рече ситуацијата се следи и ако државата побара прогласување кризна состојба, ќе се разгледува на Влада.

Во случај на прогласување на кризна состојба на владата и стојат на располагање повеќе механизми. Агенцијата за нафтени резерви има законска обврска да обезбеди количини за непречено работење на економијата за 60 до 90 дена. Министерството за финансии може да ја намали акцизата за горивата до 4 денари или ДДВ-то за увоз на енергенси од 18 на 10 отсто. А можат да се носат и мерки како за заштита на граѓаните од високите цени, така и за погодените бизниси.

Најнови вести од: Бизнис

УЈП испрати 862.896 даночни пријави до граѓаните

Управата за јавни приходи информира дека изготвила вкупно 862.896 даночни пријави на граѓаните за остварен доход во 2025 година и ги повикува да направат увид во нив до 31 мај. Сите граѓани ќе добијат и лична порака на својот профил на „МојДДВ” или на е-пошта регистрирана во УЈП, додаваат од УЈП.

(Видео): Премиерот очекува месечна инфлација од 1% споредена со март

Резултатите од анкетата на Народна банка, спроведена во март меѓу економските аналитичари, покажува дека инфлацијата во земјава се очекува да достигне просечно ниво од 3,6 проценти во 2026 година, пред да се намали на околу 3 проценти во 2027 година.

ЕУ воведува давачка од 3 евра за мали пакети, ќе се применува од јули 2026 година

Лани во ЕУ влегле околу 5,8 милијарди мали е-трговски пратки со вредност до 150 евра, што е раст од 26% во споредба со претходната година. Тоа се 16 милиони пратки дневно или речиси 200 пакети секоја секунда, или околу 13 пакети по лице. Просечната вредност на артикалот во тој сегмент е 8,82 евра. Во 2025 година, францускиот регулатор тестирал повеќе од 600 производи од меѓународни платформи за е-трговија. 75% не биле во согласност со правилата на ЕУ, а 46% биле и несоодветни и опасни.

Голема американска делегација во посета на „Алкалоид“

Домаќин на делегацијата беше Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, кој истакна дека компанијата повеќе од шест децении гради успешна соработка со водечки американски фармацевтски компании

Горивата поскапуваат од два до 2,5 денари по литар

Од полноќ, цената на бензините се зголемува за 2,5 денари, а на дизелот за 2 денари. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,47% во однос на одлуката од 27.4.2026.

To top