Македонија

Ѓорѓиевски: По Кисела вода на ред е Скопје (ВИДЕО)

Оние кои добро ме знаат, знаат дека сето ова го правам за да оставам нешто позади себе и по нешта по кои ќе ме паметат. Можам исто така да кажам дека ова е една од најголемите и најзначајните битки во животот и сум спремен максимално да се вложам, ќе дадам максимално ова го искористам во интерес на граѓаните

Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ објасни зошто е важно ВМРО-ДПМНЕ да победи во градот Скопје и додаде дека ќе даде се од себе ВМРО-ДПМНЕ уште во првиот круг победи во градот Скопје.

„За сите нас е многу важно ВМРО-ДПМНЕ да победи во градот Скопје, затоа што еве пример кога бевме во Гази Баба еден граѓанин рече секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт се гради, а кога ќе дојдат овие другите се растура. Значи верувам во силна поддршка од страна на граѓаните и ќе дадам се од себе таа поддршка се валоризира и да имаме сериозна победа во првиот круг за градот Скопје, кажа Ѓорѓиевски

Ѓорѓиевски смета дека сето ова се должни на се она што тој и неговиот тим сработиле во овие 4 години за општината Кисела Вода односно станува збор за реализација на куп проекти кои ги реализирале.

„Одлуката за јас да бидам кандидат за град Скопје влијаеше и сето она што јас и мојот тим го направивме во овие 4 години во Кисела Вода. Ние имаме реализација на еден сет на проекти кој никој не замислувал во минатото дека ќе дојдат на дневен ред, а камоли да се реализираат. Мене сите добро ме знаат дека не се откажувам пред предизвикот и очекуваат истото да се рефлектира и во градот Скопје односно нема да бидам човек кој ќе биде во канцеларијата и недостапен за граѓаните, туку сосема спротивно, ќе бидам постојано на терен и со граѓаните“, порача Ѓорѓиевски.

„Оние кои добро ме знаат, знаат дека сето ова го правам за да оставам нешто позади себе и по нешта по кои ќе ме паметат. Можам исто така да кажам дека ова е една од најголемите и најзначајните битки во животот и сум спремен максимално да се вложам, ќе дадам максимално ова го искористам во интерес на граѓаните“ рече Ѓорѓиевски..

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top