Моџтаба Хамнеи е именуван за наследник на својот татко како врховен лидер на Иран, објавија иранските државни медиуми во неделата. Според извештаите, 56-годишниот Моџтаба Хамнеи е назначен за врховен лидер од страна на Собранието на експерти по години градење блиски врски со елитната Револуционерна гарда и градење влијание во рамките на свештеничкиот естаблишмент,
Вториот син на Хамнеи е 56-годишен свештеник. Тој е третата личност што ќе биде на оваа функција откако во 1979–а годиа е основана Исламската Република , по ајатоласите Хомеини и Хамнеи.
Моџтаба се смета за влијателна личност зад сцената во Иран. Тој има блиски врски со Корпусот на Исламската револуционерна гарда и безбедносните сили на Техеран. Познато е дека се борел во војната меѓу Иран и Ирак од 1987 до 1988 година.
Тој преживеа американско-израелски воздушен напад врз Иран и е промовиран од иранскиот естаблишмент како потенцијален наследник на својот татко, кој беше убиен во воздушен напад минатата сабота.
Моќен свештеник од средно ниво, Моџтаба Хамнеи се спротивставува на реформистите кои сакаат да соработуваат со Западот, додека се обидуваат да ја ограничат нуклеарната програма на Иран и кои сакаат поголема слобода.
Неговите блиски врски со Револуционерната гарда (ИРГЦ) му дадоа дополнителна предност во политичкиот и безбедносниот апарат на Иран, а тој изгради влијание зад сцената како „порта“ кон својот татко, велат извори запознаени со ова прашање.
Високиот свештеник Ахмад Аламолхода посочи дека Собранието на експерти веќе гласало за наследник на ајатолахот Али Хамнеи, но не откри име.
Порано оваа недела се појави информација дека Моџтаба е наследник на неговиот татко на функцијата.
ПРЕТХОДНА ВЕСТ