Регион

Србија забрани извоз на нафта и нафтени деривати

Целта на оваа забрана е да се заштити домашниот пазар од недостиг и скокови на цените што можат да се појават како резултат на глобалните нарушувања

Србија го забранува извозот на нафта и сите нафтени деривати што се користат за напојување на мотори, одлучи владата на својот вонреден состанок денес.

„Забраната се однесува на извозот на дизел, бензин и сурова нафта од сите видови транспорт и е во сила до 19 март, по што ќе донесеме дополнителни одлуки“, изјави министерката за рударство и енергетика Дубравка Џедовиќ Хандановиќ.

„Целта на оваа забрана е да се заштити домашниот пазар од недостиг и скокови на цените што можат да се појават како резултат на глобалните нарушувања“, рече таа.

Најнови вести од: Регион

Северина со емотивен текст се прости од Ведрана Рудан

– Ведрана, како сте вие, треба ли нешто? – ја прашав едвај задржувајќи ги солзите што само течеа. – Ништо, Севе, само и понатаму еби им мајката на сите – раскажува Северина дел од своите спомени со својата пријателка, писателката Ведрана Рудан

To top