Македонија

ДУИ бара оставка од претседателот на Уставниот суд

СМС-пораките од „Безбеден град“ само на македонски јазик, додека можат да се испраќаат и на англиски, но не и на албански, претставува дискриминација, велат од партијата на Али Ахмети

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагира на изјавите на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, поврзани со проектот „Сејф сити“, оценувајќи ги како скандалозни и неприфатливи.

Од партијата соопштија дека ставот според кој СМС-пораките во рамки на системот „Безбеден град“ треба да се испраќаат само на македонски јазик, додека можат да се испраќаат и на англиски, но не и на албански, претставува дискриминација и кршење на духот на Уставот.

„Со оваа постапка претседателот на Уставниот суд ги надминува своите надлежности и брутално интервенира во правниот поредок и во меѓуетничките односи во државата“, се наведува во реакцијата на ДУИ.

Од ДУИ тврдат дека во последните две години Уставниот суд носел одлуки кои, според нив, ги поткопуваат достигнувањата од Охридскиот мировен договор. Притоа посочуваат дека албанските и турскиот судија во Судот биле надгласани.

ДУИ побара итна оставка од Костадиновски, како и од секој судија кој, според нив, ги поддржува ваквите ставови.

„Во спротивно, тој ќе сноси целосна одговорност за секоја последица што може да се појави на планот на меѓуетничките односи“, велат од ДУИ.

Во реакцијата, партијата упатува и критики кон коалицијата ВРЕДИ, оценувајќи дека е коодговорна за, како што велат, антиуставните постапки на Уставниот суд.

Уставниот суд ги отфрли иницијативите, со кои се оспоруваше уставноста на „Безбедниот град“

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top