Македонија

Скандал: Лога го навреди претседателот на Уставниот суд Костадиновски дека е „имбецил“ и оти има „умерена интелектуална попреченост“!

„Имбецил! *Историски гледано, технички термин за умерена интелектуална попреченост!“ – напиша Кренар Лога од ДУИ, поранешниот министер за правда, во својата скандалозна објава на фејсбук за претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски, објавувајќи ја и неговата фотографија во судиската тога. Тешките навреди на Лога кон Костадиновски се и дел од остриот напад на неговата партија ДУИ, која вчера се огласи со соопштение и тврдење во него дека е „дискриминација и кршење на духот на Уставот ставот, според кој смс-пораките од системот ‘Безбеден град’ треба да се испраќаат само на македонски јазик, додека може да се испраќаат и на англиски, но не и на албански јазик.“. Ова е ставот на првиот човек на Уставниот суд Костадиновски. „Со оваа постапка претседателот на Уставниот суд ги надминува своите надлежности и брутално интервенира во правниот поредок и во меѓуетничките односи во државата.“ – тврдеше ДУИ, а напоредно со неа и Лога се огласи со својата екстремно тешка и навредлива квалификација за Костадиновски дека е „имбецил“.

Претседателот на Уставниот суд д-р Костадиновски е автор на 12 научни студии и трудови од областа на уставното право и уставната теорија, како и од меѓународните односи. Тој бил учесник на многубројни меѓународни и регионални научни и други конференции и форуми од областа на меѓународното право особено во рамките на Обединетите нации и Советот на Европа, како и на дипломатска академија и обука во рамките на „Светско учење“ („World learning”), во САД. Од 2015 до јануари 2018 година Костадиновски ја извршувал должноста Пратеник на Република Македонија во Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации. Да се навредува уставен експерт и интелектуалец со вакво импресивно научно досие дека има „умствена попреченост“, макар и „умерена“, го наметнува противпрашањето: какви се, пак, моралните и други карактеристики на самиот Кренар Лога, штом си дозволува вакви јавни квалификации?!

Инаку, ДУИ побара „итна оставка“ од Костадиновски, како и „од секој судија, кој ги поддржува ваквите ставови“. „Во спротивно, тој ќе сноси целосна одговорност за секоја последица што може да се појави на планот на меѓуетничките односи.“ – заканувачки наведе ДУИ во своето соопштение вчера. Партијата на Али Ахмети реагираше и на одлуката на Уставниот суд да ги отфрли иницијативите во рамки на системот Безбеден град граѓаните да се известуваат и на албански јазик.


Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top