Бизнис

Ќе плаќаат ли данок македонските инфлуенсери?!

На инфлуенсерите, јутјуберите, влогерите и креаторите на содржини односно физичките лица кои се даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање им тече рокот за регистрирање во АВМУ, обврска од новата законска регулатива. Покрај ова, независно дали соработуваат со домашни или странски фирми и висината на приходот што го остваруваат треба да поднесат даночна пријава за персонален данок и за ДДВ доколку нивниот приход надминал 2 милиони денари во годината.

Според новата медиумска регулатива, инфлуенсерите, јутјуберите, влогерите и креаторите на содржини односно физичките лица кои се даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање ќе треба до 15 март да се пријават во АВМУ за да влезат во регистарот по што им течат обврските за плаќање на надоместок кој се пресметува на  остварениот приход во претходната година.

Законските правила за регистрација ги опфаќаат сите кои постираат на Инстаграм, ТикТокЈутјуб и на слични видео-платформи, имаат повеќе од 10.000 следбеници или претплатници, објавиле најмалку 24 видеа во годината и заработуваат од тоа.

Според новата регулатива, сите кои влегуваат во оваа категорија ќе мора јасно да ги означуваат постовите, видеата, риловите или стримовите на социјалните мрежи кога им се платени реклами или спонзорства. По регистрацијата, АВМУ ќе спроведува надзор за почитување на правилникот, а инфлуенсерите ќе плаќаат надоместок од 0,5% од својот годишен приход од претходната година. Овој извештај мора да се достави до 15 март, а плаќањето до 15 април.

Пресметките се дека за 100.000 евра годишен приход, инфлуенсерите ќе треба да платат 500 евра надоместок за АВМУ. Тие кои нема да се регистрираат ќе плаќаат казни кои се движат меѓу 250 и 500 евра. Иако тече рокот кој го постави Агенцијата досега, на објавениот регистар на АВМУ можат да се видат само 7 регистрирани лица.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, одржа работна средба со директорот и претставници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и со претставници на инфлуенсерите и креаторите на дигитални содржини, со цел отворање дијалог околу состојбите со регулирањето на работењето во овој сектор, а во врска со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На средбата беше нагласено дека Министерството внимателно ги следи реакциите и ставовите на дигиталните креатори и дека процесот на креирање политики во оваа област ќе се води преку транспарентни консултации со сите засегнати страни. Целта е да се обезбеди современа и балансирана регулатива која ќе го поддржи развојот на дигиталната економија и креативните индустрии, притоа почитувајќи ја во целост регулативата на ЕУ по ова прашање.

Учесниците се согласија дека е потребен отворен и инклузивен процес во кој инфлуенсерите, институциите и регулаторот заеднички ќе работат на унапредување на регулативата и создавање јасна правна рамка за дигиталните содржини. Во наредниот период ќе продолжат консултациите за разгледување на предлозите и забелешките на здруженијата на креатори на содржини и другите заинтересирани страни.

Министерството за дигитална трансформација останува посветено на создавање дигитален екосистем кој поттикнува иновации, одговорност и доверба во онлајн просторот.

Најнови вести од: Бизнис

Хуманоста како традиција: „АЛКАЛОИД“ со нова донација за здравјето на најмладите

Од првиот Хуманитарен пикник до денес собрани се близу 14 милиони денари наменети за поддршка на здравствени установи, хуманитарни и граѓански организации, деца, лица со ретки болести, ранливи категории и лица од третото доба, како и за иницијативи за заштита на животната средина

Мицковски: Со завршувањето на проектот за антимон ќе ја зголемиме важноста на Македонија и економскиот стандард

Тој се повикува и на првичните извештаи за резервите, според кои, како што наведува, тие би можеле да бидат значително поголеми од збирните резерви на двете водечки земји во светот во производството на антимон

Хрватска е првата земја што најде решение за македонските транспортери

Хрватска е првата земја што најде решение за македонските превозници. Од 23 септември оваа земја треба да почне да прима барања за долгорочни визи. Ова го најави Билјана Муратовска од Макам-транс. Во другите земји сè уште важи старото правило, возачите можат да бидат во Шенген најмногу 90 дена во период од 180 дена.

To top