Свет

Америка дозволи купување руска нафта

30-днеевната дозвола е чекор кон стабилизирање на глобалните енергетски пазари погодени од војната со Иран.

Соединетите Држави издадоа 30-дневна лиценца за купување руска нафта и нафтени деривати кои моментално се чуваат на море, како што рече министерот за финансии Скот Бесент, како чекор кон стабилизирање на глобалните енергетски пазари погодени од војната со Иран.

Бесент, во изјавата објавена неколку часа откако референтната цена на нафтата се искачи над 100 долари за барел, на највисоко ниво во речиси четири години, рече дека мерката нема да донесе значителни финансиски придобивки за руската влада.

Најавата доjде еден ден откако американското Министерство за енергетика соопшти дека САД ќе ослободат 172 милиони барели нафта од стратешките нафтени резерви во обид да го спречат вртоглавото зголемување на цената на нафтата поради војната во Иран. Тоа беше дел од пошироката заложба на Меѓународната агенција за енергија, составена од 32 земји, да ослободи 400 милиони барели нафта.

Дозволата од четврток, која овозможува испорака и продажба на руска сурова нафта и нафтени деривати натоварени на бродови од 12 март, ќе остане во сила до полноќ на 11 април според Вашингтон, според текстот на дозволата објавена на веб-страницата на Министерството за финансии.

Нападите на САД и Израел врз Иран и последователниот одговор на Техеран ги проширија регионалните тензии и го парализираа транспортот низ Ормутскиот Теснец, нарушувајќи ги виталните текови на нафта и гас на Блискиот Исток и ги зголемија цените на енергијата.

Корпусот на гардата на Исламската револуција на Иран најави блокада на испораките на нафта од Заливот додека не престанат американските и израелските напади.

Најнови вести од: Свет

ЕУ почна со забраната за увоз на руски гас преку цевководи

Посебна тужба против регулативите поднесе и швајцарската компанија „Норд стрим 2 АГ“, операторот на гасоводот „Норд стрим 2“. Таа компанија бара одлуката или нејзините клучни одредби да бидат поништени, тврдејќи дека забраната ефикасно ја лишува од можноста да го користи гасоводот за комерцијални цели.

Цената на нафтата паднаа под 80 долари за барел в очи на договорот меѓу САД и Иран

Цените на нафтата на светските пазари паднаа денеска за повеќе од пет отсто, под 80 долари по барел. До оваа ситуација дојде по сигналот дека САД и Иран би можеле веќе оваа седмица да постигнат договор со кој би се овозможил непречен премин на танкерите низ Ормускиот теснец и обнова на извозор на енергенси од регионот на Персискиот залив, пренесе „Трејдинг економикс“.

Трамп: Лага е дека САД му плаќаат на Иран 300 милијарди долари за мир

Претседателот на САД, ги отфрли тврдењата дека Вашингтон му обезбедува финансиска помош на Иран, нарекувајќи ги извештаите за финансирање од САД „лажни вести“ во услови на извештаи за пакет за реконструкција вреден повеќе милијарди долари, објавија Ен-Би-Си њуз и Фајненшнел тајмс.

To top