„Победничката селфи – фотографија“ (Victory Selfie) го трансформираше искуството на церемониите за доделувањето на медали преку фотографиите што самите спортисти ги доловуваат и ги споделуваат низ целиот свет, брзо станувајќи култен културен момент на Олимписките и Параолимписките Игри. Сега, овој тренд достигна нов пресврт со неговото враќање на Параолимписките Зимски Игри.
За првпат на Параолимписките Игри, „ Победничката селфи – фотографија “ се прошири од индивидуалните и натпреварите во парови на сите настани, вклучувајќи ги и тимските натпреварувања. „Победничката селфи – фотографија“ беше вклучена во официјалните церемонии за доделување медали кај сите дисциплини и на Олимписките Зимски Игри Милано Кортина 2026. Секој спортист кој освои медал имаше можност да го сподели својот индивидуален или тимски триумф од сопствена перспектива. Сите фотографии дел од „Победничката селфи – фотографија“ беа направени со олимпиското издание на Galaxy Z Flip7.

„Победничката селфи – фотографија“ претставува доказ за тоа како Параолимписките Игри продолжуваат да еволуираат, почитувајќи ја традицијата, додека истовремено прифаќаат нови начини за подобрување на искуствата на спортистите и навивачите за време на Игрите.
Ставајќи го телефонот во рацете на спортистите, Самсунг (Samsung) го зајакнува едноставното верување: спортистите треба да можат самите да ги раскажуваат своите приказни.

Описи на Фотографии
Име на датотека: Para Alpine Skiing Super-G Sitting Victory Selfie.jpg
Опис:
КОРТИНА Д’АМПЕЦО, ИТАЛИЈА – 09 МАРТ: Освојувачот на бронзен медал Ендрју Курка (Andrew Kurka) од тимот на САД држи телефон додека се подготвува да направи победничкa селфи-фотографија со олимпиското издание на Samsung Galaxy Z Flip7, заедно со освојувачот на златен медал Јерун Кампшур (Jeroen Kampschreur) од тимот на Холандија и освојувачот на сребрен медал Јеспер Педерсен (Jesper Pedersen) од тимот на Норвешка, за време на церемонијата на доделување медали за категоријата: Пара-алпско Супер-Г скијање седејќи за мажи на третиот ден од Зимските Параолимписки Игри Милано Кортина 2026 во Алпскиот скијачки центар Тофане на 9 март 2026 година во Кортина д’Ампецо, Италија. (Фотографија на Линеа Реборг (Linnea Rheborg)/Getty Images).
Име на датотека: Para Snowboard_Victory_Selfie.jpg
Опис:
КОРТИНА Д’АМПЕЦО, ИТАЛИЈА – 08 МАРТ: Освојувачот на златен медал Емануел Ператонер (Emanuel Perathoner) од тимот на Италија, освојувачот на сребрен медал Бен Тадхоуп (Ben Tudhope) од тимот на Австралија и освојувачот на бронзен медал Џехјук Ли (Jehyuk Lee) од тимот на Република Кореја слават правејќи победничка селфи-фотографија со олипмиското издание на Samsung Galaxy Z Flip7, за време на церемонијата на доделување медали за машкиот Пара-сноуборд крос СБ-ЛЛ2 на вториот ден од Зимските Параолимписки Игри Милано Кортина 2026 во Пара-сноуборд паркот во Кортина на 8 март 2026 година во Кортина д’Ампецо, Италија. (Фотографија на Линеа Реборг (Linnea Rheborg)/Getty Images).

Име на датотека: Para Biathlon Victory Selfie.jpg
Опис:
ВАЛ ДИ ФИЕМЕ, ИТАЛИЈА – 07 МАРТ: Освојувачката на златен медал Олександра Кононова (Oleksandra Kononova) од тимот на Украина, освојувачката на сребрен медал Натали Вилки (Natalie Wilkie) од тимот на Канада и освојувачката на бронзен медал Људмила Љашенко (Liudmyla Liashenko) од тимот на Украина слават правејќи победничка селфи – фотографија со олимпиското издание на Samsung Galaxy Z Flip7 на подиумот за време на церемонијата на доделување медали за женскиот Пара-биатлон спринт во стоечка категорија на првиот ден од Зимските Параолимписки Игри Милано Кортина 2026 на Стадионот за крос-кантри скијање Тезеро на 7 март 2026 година во Вал ди Фиеме, Италија. (Фотографија на Лук Хејлс (Luke Hales)/Getty Images).
Име на датотека: Para Alpine Skiing Super-G Vision Impaired Victory Selfie.jpg
Опис:
КОРТИНА Д’АМПЕЦО, ИТАЛИЈА – 09 МАРТ: Освојувачот на златен медал Јоханес Ајгнер (Johannes Aigner) од тимот на Австрија и неговиот водич Нико Хаберл (Nico Haberl), освојувачот на сребрен медал Џакомо Бертањоли (Giacomo Bertagnolli) од тимот на Италија и неговиот водич Андреа Равели (Andrea Ravelli) и освојувачот на бронзен медал Кале Ериксон (Kalle Ericsson) од тимот на Канада и неговиот водич Сиера Смит (Sierra Smith) позираат за победничка селфи – фотографија со олимпиското издание на Samsung Galaxy Z Flip7 за време на церемонијата на доделување медали за машкиот Пара-алпски скијачки Супер-Г за лица со оштетен вид на третиот ден од Зимските Параолимписки Игри Милано Кортина 2026 во Алпскиот скијачки центар Тофане на 9 март 2026 година во Кортина Д’Ампецо, Италија. (Фотографија на Линеа Реборг (Linnea Rheborg)/Getty Images).
За “Samsung Electronics Co., Ltd.“
“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.
“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.
За вклученоста на “Samsung“ во Олимписките Игри
“Samsung” е Светски Олимписки Партнер од Зимските олимписки игри во Нагано 1998 година. Речиси 30 години, спортистите и навивачите веруваат во трансформативната мобилна технологија на “Samsung” за споделување на Олимпискиот дух на глобално ниво и продолжуваат да ја обликуваат дигиталната иднина за Олимписките игри за Милано Кортина 2026 и понатаму. Посветеноста на компанијата кон олимпиското движење наскоро навлегува во својата четврта деценија на партнерство и се протега до Лос Анџелес 2028 година. Целосните иновации на “Samsung” во категоријата на безжични комуникации и компјутерска опрема, вклучувајќи опрема со вештачка интелигенција, виртуелна реалност, изменета реалност и 5G, ќе го променат начинот на кој светот ги доживува Олимписките Игри.
За вклученоста на “Samsung“ во Параолимписките Игри
“Samsung” е светски партнер на Интернационалниот Параолимписки Комитет (IPC) во категоријата на безжични комуникации и компјутерска опрема. Почнувајќи од Зимските Параолимписки Игри во Торино 2006 година, компанијата гордо го поддржува Параолимпиското движење и им овозможува на спортистите и навивачите ширум светот да ја споделат возбудата и инспирацијата од Игрите преку трансформативната мобилна технологија на “Samsung”. Посветеноста на “Samsung” кон Параолимписките Игри ќе продолжи и во Лос Анџелес 2028 година и ќе биде одбележана преку иновативни мобилни и компјутерски искуства овозможени од наменски иновации во категоријата на безжична комуникација и компјутерска опрема, вклучувајќи опрема што содржи вештачка интелигенција, виртуелна реалност, изменета реалност и 5G.