Свет

Трамп предвидува „многу лоша“ иднина за НАТО ако сојузниците не му помогнат во војната со Иран

„Доколку нема одговор или ако одговорот е негативен, мислам дека тоа би било многу лошо за иднината на НАТО“, рече Трамп во интервју за Фајненшл тајмс.

 

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди за „многу лоша“ иднина за НАТО ако европските земји не се приклучат на неговите воени напори во Иран.

Тој го издаде ова предупредување само еден ден откако ги повика Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја и Велика Британија да работат заедно за повторно отворање на Ормускиот теснец, клучен бродски канал преку кој се испорачува околу 20% од светската нафта.

Иран го блокираше теснецот како одговор на нападите од САД и Израел.

„Доколку нема одговор или ако одговорот е негативен, мислам дека тоа би било многу лошо за иднината на НАТО“, рече Трамп во интервју за Фајненшл тајмс.

Но „сојузниците“, му откажаа на Трамп и нема да ги придружуваат бродовите низ Ормускиот теснец.

Тој, исто така, посочи дека може да го одложи претстојниот самит со кинескиот претседател Си Џинпинг додека врши притисок врз Пекинг за Иран.

„Соодветно е луѓето кои имаат корист од Ормутскиот теснец да помогнат да се осигура дека таму ништо лошо не се случува“, инсистираше Трамп. Иран е главен снабдувач на нафта за Кина.

„Мислам дека и Кина треба да помогне, бидејќи тие добиваат 90% од својата нафта од теснецот“, инсистираше Трамп. „Чекањето до самитот би било предоцна.“

Американскиот лидер го изјави ова по разговорите на високо ниво меѓу американските и кинеските претставници во Париз за време на викендот.
Се очекува претседателот да се сретне со Си на самитот кон крајот на март во Пекинг.

Најнови вести од: Свет

Доларот расте на светските девизни пазари – инвеститорите повторно се свртуваат кон американската валута

Американскиот долар бележи раст на девизните пазари во однос на неколку значајни валути. Пазарите реагираат на економските сигнали од САД, каматните стапки и глобалната економска неизвесност

To top