Регион

„Летал“ со 223 км/час: Уапсен македонски моторџија во Грција

Државната телевизија ЕРТ објави дека на уапсениот му се одземени возачката дозвола и регистарските таблици, изречена му е казна од 700 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител.

Полицајците од Килкис уапсија едно лице кое беше фатено како управува мотоцикл со брзина од 223 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 110 километри на час, информираа од регионалната полициска дирекција на северна Грција.

Според грчките медиуми станува збор за македонски државјанин, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, уапсениот 49-годишен македонски државјанин бил запрен на автопатот Солун-Евзони, односно на патот што води кон граничниот премин со нашата земја за излез од Грција, каде што возел со двојно поголема брзина од дозволената.

Државната телевизија ЕРТ објави дека на уапсениот му се одземени возачката дозвола и регистарските таблици, изречена му е казна од 700 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител.

Од Генералната регионална полициска дирекција на грчката област централна Македонија на социјалните мрежи објавија фотографии како од радарот што ја регистрирал брзината, така и од мотоциклот на уапсениот.

Најнови вести од: Регион

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

Пендаровски: Албанскиот е службен јазик во Македонија, но…(ВИДЕО)

Албанците можат да го користат јазикот, но во многу случаи не гледаме негова целосна примена во институциите и судовите. Важно е да се постави прашањето дали овие права се применуваат во секојдневниот живот

To top