Македонија

Петрушевски: Каде е ССМ таму е СДС, меѓу овие две организации веќе нема разлика

Таканаречениот синдикален протест организиран од ССМ, а технички и логистички од СДС, граѓаните не го поддржаа затоа што на сите им е јасно дека ова е само еден очаен обид за спас на СДС и политичко профилирање на Трендафилов. Дебаклот на протестот организиран од СДС и ССМ докажа кој реално мисли и помага на граѓаните, вели пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Натаму, Петрушевски посочува: „Таканаречениот синдикален протест организиран од ССМ, а технички и логистички од СДС, граѓаните не го поддржаа затоа што на сите им е јасно дека ова е само еден очаен обид за спас на СДС и политичко профилирање на Трендафилов.

Протестот во саботата кој беше организиран од страна на кадрите на СДС облечени во синдикални маички, доживеа дебакл и ги делегитимира ССМ уште повеќе.

Ниту СДС, ниту ССМ, а уште помалку Трендафилов и неговата дружина се интересираат за работничките права, нив ги интересираат своите цели и интереси, кои ги добиваат по заслуга на работниците.

Работниците и нивните права се злоупотребени од СДС и ССМ, само за истите да дојдат до медиумско внимание.

Каде е ССМ, таму е СДС. Каде е СДС, таму е и ССМ. Меѓу овие две организации веќе нема разлика.

ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДС ќе продолжи и натаму да ги зголемува платите и да го подобрува стандардот на граѓаните“, рече Петрушевски.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top