Македонија

Трамп: Нема нови американски трупи на Блискиот Исток, војната со Иран е при крај

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема намера да испраќа дополнителни трупи на Блискиот Исток и оцени дека војната со Иран „наскоро ќе заврши“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема намера да испраќа дополнителни трупи на Блискиот Исток и оцени дека војната со Иран „наскоро ќе заврши“.

– Не испраќам трупи никаде. А и да испраќам, сигурно не би ви кажал – изјави Трамп на заедничка прес-конференција во Белата куќа со јапонската премиерка Санае Такаичи.

Тој додаде дека, иако цените на нафтата пораснале по американско-израелските напади врз Иран, ефектите биле помали од очекуваното.

– Очекував да биде полошо, многу полошо. Не е толку лошо и наскоро ќе заврши – рече Трамп.

Американскиот претседател изрази уверување дека Јапонија ќе „преземе одговорност“ во конфликтот, „за разлика од НАТО“.

Говорејќи за воената кампања, Трамп ја нарече „краток излет“, додавајќи дека иранските поморски и воздушни капацитети, како и противвоздушната одбрана, се сериозно ослабени.

„Морав да направам овој мал потег и да направам нешто што ниту еден друг претседател немаше храброст да го направи“, рече тој.

Од своја страна, Такаичи изјави дека Иран не смее да има нуклеарно оружје и дека Јапонија ги осудува нападите на Иран врз земјите на Блискиот Исток, како и затворањето на Ормуската Теснина.

Таа рече дека земјите во светот ја сфаќаат безбедносната средина „многу сериозно“ и оцени дека глобалната економија наскоро ќе доживее „огромен удар“ поради ситуацијата на Блискиот Исток.

– Дури и во тој контекст, цврсто верувам дека само ти, Доналд, можеш да постигнеш светски мир –  истакна Такаичи.

Јапонскската премиерка рече дека „развојот на нуклеарно оружје никогаш не смее да му се дозволи“ на Иран и дека Јапонија повикува на тоа, како и „се обраќа на другите партнери во светот“ на овој начин.

– Јапонија ги осудува дејствијата на Иран, како што се нападот врз соседниот регион, а исто така и де факто или ефикасното затворање на Ормуската Теснина – заклучи Такаичи.

Најнови вести од: Македонија

Се унапредуваат условите во ПС Бит Пазар

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, денеска официјално ја пуштија во употреба целосно реновираната конференциска сала во полициската станица Бит Пазар

Соработка меѓу Пустец и Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија” во интерес на македонската заедница

Како прв конкретен чекор од оваа соработка, Здружението започна со директна финансиска поддршка за ангажирање на едно лице, кое хонорарно ќе работи во музејот на познатиот писател Стерјо Спасе во село Глобочани

To top