Екс сопартиец од СДСМ објавува емотивна порака до Петре Шилегов во која покрај потсетување за соработката во кампањите на партијата го обвинува дека изјавите што ги дава имаат трговска намена.

Членот на Извршниот одбор на СДСМ Дејан Николовски на Шилегов му се обраќа со
,,Ех мој друже Скопски / Београдски” и индицира дека се пазари со Бихаќка.
,,Две кампањи како другар на сите фронтови до и за тебе …. СДСМ е државотворна партија не тезга за пазарење 💪”, пишува функционерот на СДСМ кој го прогласува Шилегов за политички ,,тезгарош”.
Николовски има контроверзна репутација во однос на жени.

Пред еден месец и половина членот на ИО на СДСМ упати гнасни зборови кон пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска.
,,Ваков лик е беда за државата и монструм, сум кажал крава музара да, и која не е достојна, за лагата дека од епитет што го спинуваат злобници дека сум кажал К..а, немам зборови. До вчера Дафина беше на протестите на ССМ, сега е гнида која ровари против работничките права од ложата на Парламентот каде милиони наплаќа за патни трошоци како нејзината поранешна колешка од Струмица Силвана Бонева”, напиша Николовски.
СДСМ воопшто не се огради од членот на извршниот одбор партијата за мизогинијата и говорот на омраза кон пратеничката Дафина Стојановска.