Хроника

Двајца починати пронајдени во Скопје, наредени обдукции по налог на обвинител

Вчера во 14:35 часот во СВР Скопје, од Итната медицинска помош е пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на Центар во Скопје, бил пронајден починат Д.В. (64).

Две лица се пронајдени починати во одделни случаи на подрачјето на Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. Првиот случај бил пријавен на 21 март 2026 година во 14:35 часот, кога од Итната медицинска помош било пријавено дека во семеен дом на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат 64-годишниот Д.В. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

Нешто подоцна, во 15:20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејна куќа во Скопје е пронајдена почината 84-годишната Д.В. од Скопје. И во овој случај, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.

Надлежните институции преземаат мерки за утврдување на околностите за двата случаи.

Најнови вести од: Хроника

По невремето во скопски Карпош покрај повредената жена (86) пронајдена и експлозивна направа!

МВР информира дека синоќа во 20:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје, по што била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски” за укажување на лекарска помош.

Обвинителството: Отворена истрага за загадувањето на водата во Гостивар, побаран притвор за тројца осомничени

За трите лица вработени на одговорни функции во ЈП „Комуналец“, осомничени за загадување на водата во гостиварскиот водовод, ќе се бара притвор, а во зависност од новите докази, истрагата ќе се прошири. Пред судијата на претходна постапка осомничените од 12 часот даваат искази по што ќе биде познато дали ќе им бидат определени мерки за обезбедување.

Во туѓо име подигнувал надомест за невработени

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ј.К.(52) од Саса,  Македонска Каменица, поради постоење основани сомнежи за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност” и против Б.К.(57) од Кочани за „поттикнување” во врска со „измама при добивање кредит или друга погодност”.

Жител (40) од Пробиштип подолго време им се заканувал на три жени и со употреба на електрошокови им изнудил 1800 евра!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против 40-годишен жител на Пробиштип, поради сомнение дека сторил кривично дело „изнуда“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

To top