Бизнис

Бугарија бара 50 милиони евра за последните 2,4 км од железничката линија до Македонија

Според министерот за транспорт и врски Исмаилов, ќе се бараат можности средствата да се обезбедат од државниот буџет

Бугарија во февруари потпиша договор со изведувачот на градежните работи на отсечката од Ѓуешево до заедничкиот тунел со Македонија, но потребните 50 милиони евра не се обезбедени, откри бугарскиот министер за транспорт и врски Корман Исмаилов на средбата со амбасадорката на Словенија, Наташа Бергел.

„За да го почнеме проектот реално, ќе бараме можности заедно со Министерството за финансии да најдеме средства од државниот буџет“, нагласи Исмаилов, додавајќи дека изградбата на Коридорот број 8 е од стратешко значење од аспект на воената мобилност и транспортната поврзаност на НАТО.

Од своја страна, амбасадорката Бергел истакна дека за Словенија, како земја-членка на НАТО, развојот на коридорот е исто така од суштинско значење.

 

 

Најнови вести од: Бизнис

Македонија увезува над 40% повеќе стоки отколку што извезува – Како стојат земјите од регионот?!

Од јануари до јули 2026 година од земјава биле извезени стоки во вредност од 5,103 милијарди евра. Увозот во истиот период достигнал 7,199 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесувала околу 71 отсто.

Министерот за земјоделство го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи

Зземјоделците ќе потпишуваат договори пред испорака на производот со точни цени количини и рокови на плаќање. Министерот Серафимовски го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи.

Како до поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности?!

Процесот на проширување на Европската Унија во Западен Балкан претставува заеднички интерес за двете страни. Интеграциите подразбираат и многу реформи во општеството, зајакнување на институциите, усогласување на законите, како и реформи на економски и социјален план.

(Фото): УЈП ќе разменува искуства со Унгарија за дигитализација и наплата на даноците

Потпишувањето на Меморандумот претставува значаен чекор кон продлабочување на институционалната соработка и воспоставување континуирана размена на знаења, искуства и добри практики меѓу даночните администрации на Македонија и Унгарија.

To top