Спорт

Трајковски: Данска можеби е фаворит на хартија, но ние можеме против секого

„Убиецот“ на Италија во Палермо пред баражот за СП в четврток вели дека дополнително ги мотивираат изјавите на домаќините

Александар Трајковски со оптимизам гледа на претстојниот мундијалски бараж со Данска в четврток од 20:45 часот во Копенхаген.

„Данска можеби е фаворит на хартија, но ние сме покажале дека можеме да играме против секого. Верувам во оваа екипа. Изјавите од нивна страна може само дополнително да нè мотивираат“, изјави „убиецот“ на Италија во сензационалниот триумф од 1:0 во Палермо во разигрувањето за претходното Светско првенство во Катар.

„Искрено, ова е еден од најважните натпревари во мојата кариера на репрезентативен план. Нема поубаво чувство од победа во вакви моменти и можност да се бориш за пласман на Светско првенство. Се надевам дека ќе успееме да го повториме успехот од Палермо“, додава вториот на вечната листа на стрелци за македонската репрезентација со 24 гола.

„Ова е фудбал, се игра еден натпревар и сè е можно“, смета напаѓачот на загрпеска Локомотива во изјавата за вебстраницата на Фудбалската федерација на Македонија.

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top