Свет

Орбан: Унгарија ќе го запре гасот кон Украина сè додека не се обнови „Дружба“ (ВИДЕО)

Унгарија ќе го запре преносот на гас кон Украина сè додека не биде обновена работата на нафтоводот „Дружба“, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска соопшти дека Унгарија постепено ќе ги запре испораките на природен гас кон Украина и дека ќе го задржи гасот за домашни потреби, сè додека не се обнови работата на нафтоводот „Дружба“.

„Постепено ги запираме испораките на гас од Унгарија кон Украина и ќе го складираме гасот што останува кај нас во Унгарија“, напиша Орбан на Фејсбук.

Оваа одлука доаѓа како одговор на прекинот на испораките на руска нафта преку јужниот крак на нафтоводот „Дружба“, кој е во сила од крајот на јануари 2026 година. Украина тогаш соопшти дека нафтоводот бил оштетен при руски напад во западна Украина и дека ќе биде потребно време за санација.

Унгарија и Словачка, кои се единствените членки на Европската Унија што сè уште увезуваат руска нафта преку „Дружба“, ја обвинуваат Украина дека од политички причини намерно го одложува обновувањето на испораките. Европската Унија овој месец предложи да испрати своја техничка мисија за инспекција на нафтоводот, а Украина го прифати предлогот, но досега нема видлив напредок.

Орбан и унгарската влада постојано го поврзуваат прашањето за гасот со нафтоводот „Дружба“, оценувајќи дека Украина со блокадата на нафта врши притисок врз Будимпешта и Братислава.

Со оваа одлука, Унгарија јасно покажува дека е подготвена да користи енергетски мерки како одговор на, според неа, политички мотивираното одложување на обновувањето на испораките на нафта.

Најнови вести од: Свет

За неколку дена Европа може да остане без горива!?

Ивршниот директор на Шел, Ваел Саван., вели дека глобалниот недостиг на нафта и гас веќе ги принуди делови од Азија да ја намалат потрошувачката на енергија и дека последиците се закануваат да се прошират на Запад во рок од неколку дена

To top