Свет

Трамп пак ги одложи нападите врз енергетските објекти на Иран

На социјалната мрежа Truth Social објави дека, „на барање на иранската влада“, ќе ги суспендира нападите за период од 10 дена, Техеран негира дека барал одложување

Американскиот претседател повторно ги одложи планираните напади врз иранските енергетски објекти, продолжувајќи го рокот за постигнување договор.

Трамп објави на социјалната мрежа Truth Social дека, „на барање на иранската влада“, ќе ги суспендира нападите за период од 10 дена. Тој изјави дека новиот рок истекува на 6 април во 20 часот по источно време.

Тој додаде дека преговорите меѓу САД и Иран за прекин на конфликтот сè уште се во тек и дека, и покрај тврдењата на „лажните медиуми“, тие „напредуваат многу добро“.

Трамп првпат се закани со напади врз иранската енергетска инфраструктура минатата сабота доколку Техеран не дозволи повторно отворање на Ормутскиот теснец. Во понеделник, рокот беше продолжен за пет дена, со образложение дека разговорите меѓу Вашингтон и Техеран биле „многу добри и продуктивни“.

Иран ги отфрли таквите тврдења во тоа време како неточни, и оттогаш двете страни презентираа спротивставени верзии за текот на можните преговори.

САД оваа недела доставија мировен план од 15 точки, преку Пакистан.

Иранските медиуми објавија дека Техеран одговорил со неколку услови за прекин на непријателствата, вклучувајќи безбедносни гаранции и воени репарации.

Порано истиот ден, Трамп рече дека Иран „моли за договор“, но се закани со уште построги напади доколку не се постигне таков.

Иран не побарал од САД да ги одложат нападите врз неговите енергетски постројки, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на мировни преговарачи.

Тоа е во спротивност со американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека ги одложува нападите за дополнителни 10 дена „на барање на иранската влада“ и дека разговорите „одат многу добро“.

Најнови вести од: Свет

Воениот комитет на НАТО бара драматично забрзување на испораката на оружје

Брзината на испорака на неопходните одбранбени капацитети мора „драматично“ да се зголеми, изјави денеска шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, на прес-конференција по состанокот на началниците на одбраната на земјите-членки во седиштето на Алијансата во Брисел

Куба ќе се брани ако биде нападната од САД

Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера кубанското Министерство за надворешни работи, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква паричина, на воен напад врз Куба се интензивира секој час, со сè повеќе неубедливи обвинувања. САД се […]

To top