Свет

Дубаи под вода! (Галерија+ВИДЕО)

Властите ги повикаа луѓето да се држат настрана од долините, областите подложни на поплави и местата каде што може да се собере дождовница.

Страшна бура, придружена со силен дожд и грмежи, во четвртокот го погоди Дубаи. Силното невреме во Емиратите предизвика голема материјална штета, а многу улици беа целосно под вода.

Како што јавија локалните медиуми, невремето во Дубаи донесе поплави во некои области, прекин на сообраќајот и доцнење во јавниот превоз.

Времето нема да биде подобро ниту денеска, поради што останува на сила предупредувањето од Националниот метеоролошки центар, со најава дека се очекуваат пороен дожд и ветрови, како и облаци од прашина.

Иако сцените од улиците изгледаа апокалиптични во четвртокот, жителите и туристите сепак имаа уникатен поглед на хоризонтот на Дубаи за време на невремето, со драматични слики од молњи кои ги преплавија социјалните мрежи.

Знаменитостите како Бурџ Калифа, Бурџ Ал Араб, Атлантис, Палма и Саат-кулата Деира беа фотографирани со нереално темно небо преполно со молњи.

За време на невремето, жителите на Дубаи и туристите беа повикани да ги следат безбедносните совети. Властите ги повикаа луѓето да се држат настрана од долините, областите подложни на поплави и местата каде што може да се собере дождовница.

„Избегнувајте планински области. Избегнувајте да одите на море. Бидете внимателни кога возите и намалете ја брзината. Следете ги официјалните канали и владините власти за точни информации и навремени ажурирања“, се вели меѓу другото во предупредувањата на властите.

 

Најнови вести од: Свет

Нетанјаху: Измислица се тврдењата за непријателство кон христијаните во Израел

Тврди дека Израел е единственото место во регионот каде што христијаните „напредуваат“, додека во соседните арапски земји биле „угнетувани, задушувани, а понекогаш и масакрирани“

Во една од најбогатите земји се враќа ќотекот како дисциплинска мерка во училиштата

Тој додаде дека училиштата ќе ја земат предвид зрелоста на учениците и ќе проценат дали таквата казна може да му помогне на детето да ја разбере сериозноста на своето однесување и да научи од своите грешки.

„Потполно неприфатливо“: Трамп го одби мировниот предлог на Иран

Иранскиот план повикува на прекин на војната на сите фронтови и предвидуваа САД да мора да платат воени репарации, а Техеран, исто така, побарал целосен суверенитет над Ормутскиот теснец, укинување на санкциите и ослободување на запленетиот ирански имот

To top