Македонија

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

Се бори ли Бихаќка со ,,кокаинска политика”

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е доректор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и барањето да се бомбардира Македонија како Иран и Венецуела стои ,,кокаинска политика” односно партиски изјави дадени под дејство на моќни дроги.

Јон Фрчкоски јавно призна дека ја излажал јавноста дека ќе се повлече од директорска функција во СДСМ.

По скандалот со фотографии на коишто тој користи дрога, Фрчкоски јавно порача дека се повлекува за да не биде товар на СДСМ, но во дебата призна дека се уште е директор на центарот за анализи на СДСМ.

Тоа што е поскандалозно е однесувањето на СДСМ во последните години, од каде не само што се правеа паники од непостоечки мигранти по договорот на Македонија со Велика Британија, туку и повикаа на “бомбардирање” на државата по теркот на САД врз Иран.

Оттука, иако македонската јавност е сведок дека од нивните панични најави нема ништо, а повикот за воена интервенција беше осуден, сепак останува прашањето коешто СДСМ треба да си го побара од раководството, дали ваквите ставови се правени врз анализи на Јон Фрчкоски под еуфорија можеби предизвикана од дрога?

СДСМ по локалните избори направи повеќе обиди за консолидација кои освен внатрешни потреси и поделби, донесоа и дополнителен пад на рејтинзите и дополнителни раслојувања на партијата.

Дел од таа состојба секако се должи и на работата на партискиот Центар за анализи којшто треба да го определи наративот во јавноста.

Во моментов тој е воден од лице кое во јавноста се поврзува со користење на опојни дроги и со јавно искажана лага дека се повлекува од позицијата.

Последните рејтинзи на партиите објавени денеска логично е СДСМ да се запраша каде греши и ако е во прашање кокаин да смени нешто во својата политика.

Дебатата на ТВ 21

Во игра се неколку потенцијални кривични дела за Фрчкоски јуниор

Колку ранливи граѓани настрадале од кокаинот на Јон Фрчкоски (ВИДЕО)

Најнови анкети

СДСМ и Филипче ќе мора да почекаат подобри времиња и анкети

Анкета: Секој втор би гласал за ВМРО-ДПМНЕ, секој десетти за СДСМ

Најнови вести од: Македонија

Повеќе инциденти во Скопје во последното деноноќие: Напад врз полицајци пред дискотека во Карпош

Нарушување на јавниот ред, напад врз полицајци, грабеж, физички напад со остар предмет и приведувања за дрога – повеќе инциденти се регистрирани во Скопје во изминатото деноноќие.

To top