Македонија

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

Во врска со објавените написи во дел од медиумите во кои се наведува дека студентите се „на удар“ на Управата за јавни приходи и дека им се бара плаќање данок за летна работа во Германија за период од последните пет години, Управата за јавни приходи цели кон транспарентно информирање на јавноста и студентите со цел да се избегнат несоодветни толкувања на нејзините активности. УЈП не наметнува нови обврски, ниту бара исполнување на обврски кои не се законски регулирани. Активностите на Управата за јавни приходи се насочени кон воспоставување ред во оданочувањето и правилна и еднаква примена на законските правила за сите даночни обврзници.

Пристапот на УЈП не е насочен само кон присилно спроведување на законските одредби, туку пред сè кон поттикнување доброволно пријавување и плаќање на даноците, преку јавно и персонализирано појаснување на законските обврски.

Во однос на оданочувањето на доход остварен во странство, УЈП во изминатиот период на својата веб-страница објави повеќе појаснувачки материјали, вклучително информации, одговори на најчесто поставувани прашања, видео-упатства и потсетувања за законските рокови.

Дополнително, во два наврати беа испратени персонализирани известувања до сите граѓани кои во 2025 година оствариле доход од работа во странство, со цел тие навремено, многу пред истекот на законскиот рок, да бидат информирани за обврската за пријавување на остварениот доход. Во оваа категорија спаѓаат и студентите кои оствариле доход преку краткотрајна работа во странство.

Со овие активности никој не е „на удар“, туку станува збор за мерки насочени кон подигање на свеста за законските обврски и обезбедување поддршка за нивно правилно и навремено исполнување.

УЈП во повеќе наврати потенцира дека не може да има двојно оданочување на ист доход и дека законите и меѓународните договори прецизно утврдуваат во која држава се плаќа данокот. Сепак, секој резидент на Република Северна Македонија има обврска да го пријави доходот остварен во странство и да влезе во неговата даночна пријава, бидејќи тоа е значајно за остварување на права и обврски пред различни институции.

Важно е сите граѓани, а особено младите луѓе, да ги разбираат своите обврски и да ги исполнуваат навремено, бидејќи само на тој начин се гради општество засновано на еднакви правила, владеење на правото и правична даночна распределба. Во таа насока, УЈП повторно информира за законските обврски. Имено, согласно Законот за данокот на личен доход, секое физичко лице македонски даночен резидент има обврска да пријави и плати данок на доходот остварен како во земјата, така и од странство.

За резидент се смета лице кое има постојано живеалиште или кое престојува на територијата на државата повеќе од 183 дена во кој било 12 месечен период. Ова значи дека лицата кои имаат постојано живеалиште во земјава, како и на оние на кои средиште на животни интереси (економски интереси, поблиско семејство) им е во земјава, се сметаат за македонски даночни резиденти.

Согласно законските одредби, доход од работа претставува секој доход остварен по основ на работен однос, вклучително и доход од привремени и повремени ангажмани во странство.

Владата на Република Македонија има склучено Договор со Владата на Сојузна Република Германија за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал, објавена во “Сл.весник на РМ” број 86/06 со примена од 01.01.2011 година, со кој се уредува правото на оданочување меѓу земјите договорнички како и постапката на обегнување на двојно оданочување.

Физичките лица – студенти кои оствариле доход од краткотрајна работа во Германија, со работа таму во период пократок од 183 дена се македонски даночни резиденти и имаат обврска:

  • да го пријават доходот преку системот е-даночни услуги,
  • да поднесат електронска пресметка најдоцна до 10-ти во месецот за доходот остварен во претходниот месец.

За вака остварениот доход од работа во Германија, согласно Законот и меѓународниот договор данокот се плаќа во Македонија.

Во пресметката задолжително се внесуваат податоци за државата од која е остварен доходот, датумот на прилив, износот и валутата. По одобрување на пресметката од страна на Управата за јавни приходи, даночниот обврзник добива налог за плаќање, а утврдениот данок треба да се плати најдоцна до 15-ти во месецот.

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

Најнови вести од: Македонија

„Реплек“ одбележува 10 години производство на производи од медицински канабис – реализиран и првиот извоз во ЕУ

Во период кога довербата, стандардите и транспарентноста се клучни во развојот на современата фармацевтска индустрија, „Реплек“ одбележува уште еден значаен јубилеј. Компанијата заокружува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, со што уште во 2016 година стана пионер на домашниот пазар, но и еден од првите регионални играчи.

Ѓорѓиевски: Кацаров е привремено решение, следната недела ќе се избира директор на Универзална сала!

По огласот кој пропадна, Универзална сала доби вршител на должност директор. Миро Кацаров таа функција ќе ја врши само до следниот оглас, кога Универзална сала ќе добие свој директор. Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски за „Курир“ изјави: „Следната недела ќе се распише нов оглас. Повикувам јавно сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите да аплицираат. Јас не велам дека секогаш правиме совршени кадрови потези, сите досега се покажале дека се исправни во Град Скопје, затоа и состојбата е таква каква што е, но овде станува збор за културна институција, апсолутно ми е важно мислењето на граѓаните.“

Поповска: Уставниот суд мора да го поништи Вториот протокол, оти ни наложува преку „Бугари во Устав“ бугаризација и себеукинување како народ и држава со идентитет, континуитет и историја!

„Вториот протокол ни наложува бугаризација на Македонците и себеукинување како народ и држава со свој идентитет, континуитет и историја. А бугаризацијата треба да започне со навидум, безопасно внесување на Бугарите во Уставот и усогласување на целото важечко законодавство со измените. Вистински преседан е, еден подзаконски акт, па уште и незаконски донесен и правно невалиден, да наметнува измена на преамбулата на Уставот и на целото важечко законодавство. Со сево ова, протоколот задира во темелните вредности на нашиот уставен поредок. Протоколот е непремостлива пречка за евроинтеграцијата, со оглед на апсурдноста на обврските и невозможноста тие да бидат исполнети од страна на Македонија како самостојна и суверена држава. Важно е да се утврди официјално ништовноста на документот и неговата неодржливост како елемент во преговарачката рамка и во придружните документи. “ – нагласува Лилјана Поповска во својата колумна со наслов „Протоколот е отров, неговото уставно поништување – противотров“, која ја објави „Плус инфо“.

To top