Македонија

Сè поголем број жртви се охрабруваат да се обратат во полиција

Апелите вродуваат со плод

Смртта на мајка и ќерка во Скопје, кои животот го загубија на 2 март годинава по пад од балкон, а за кои институциите посочија дека биле жртви на долготрајно семејно насилство, предизвика бран пријави во Министерството за внатрешни работи (МВР), пишува ДОЈЧЕ ВЕЛЕ.

Осум уапсени поради семејно насилство, пријавени вкупно 14 случаи – Expres

По апелите на надлежните институции да не се молчи за насилството и случаите да се пријавуваат навреме, сè поголем број жртви се охрабруваат да се обратат во полиција.

Податоци од билтените на МВР

Податоците објавени во дневните билтени на МВР од 24 март наваму покажуваат дека се евидентирани 42 случаи на семејно насилство. Меѓу нив е и случајот во Росоман, кој имаше трагичен епилог, откако 27-годишен маж со остар предметја уби својата мајка.

Во изминатиот период се регистрирани бројни инциденти: на 5 април, три жени биле физички нападнати од сопствени сопрузи во Скопје, додека во Штип син нападнал татко, а на 3 април, четири лица биле приведени за семејно насилство во Куманово, Тетово, Скопје и Кичево.  Претходниот ден биле пријавени дури седум случаи, при што четири лица се приведени.

Во Куманово, приведен е 32-годишен маж поради подолготрајно физичко малтретирање и закани кон сопругата. Во Тетово, две жени пријавиле физичко и психичко насилство од партнери, кои веднаш биле приведени. Полицијата во Скопје, пак, интервенирала по повеќе пријави, меѓу кои и случаи каде жртви биле и малолетни лица.

Законски измени за да се спречат трагедии

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави законски измени со цел поефикасно институционално постапување и побрза заштита на жртвите. Измените ќе ги опфатат: Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, Законот за полиција и Законот за бесплатна правна помош.

Дополнително, Граѓанскиот суд воведе 24-часовно дежурство за итно изрекување мерки за заштита на жртвите. Министерот повика секој граѓанин кој ќе забележи потенцијално семејно насилство веднаш да го пријави.

Најнови вести од: Македонија

Расте интересот за сметководството: ИСОС со нови иницијативи за младите

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) изминатиот период спроведе низа активности за подигнување на атрактивноста на сметководствената професија и нејзина промоција меѓу студентите и средношколците

„Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија досегашниот кредитен рејтинг на Македонија

Македонија води кредибилни и конзистентни макроекономски политики поддржани преку долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобрите показатели за управуање во споредба со други земји со слични економски перформанси, како и посветеноста на реформи во рамки на процесот на пристапување во ЕУ. Ова го констатира кредитната агенција „Фич“ во последниот извештај со кој земјата го задржа и кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед.

Ексградоначалникот на Кичево Дехари осомничен е за свесна злоупотреба на 1,6 милиони евра преку тендер!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од Кичево, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба“ , како и против лицето Б.К. (46) од Кичево, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“.

Најнови вести

To top