Македонија

Меѓу приведените се споменуваат и имиња познати во криминалните кругови

Цел на акцијата е криминална мрежа поврзана со трговија со кокаин, при што се вршат претреси на околу 15 локации и се опфатени повеќе лица

Kоординирана акција против нарко-криминал утринава беше спроведена на повеќе локации низ државата.

Неофицијално, МВР преку Бирото за јавна безбедност и Одделот за организиран криминал, во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, спроведува акција во Скопје, Штип, Струмица и во скопското село Грчец, дознава Скопје 1.

Цел на акцијата е криминална мрежа поврзана со трговија со кокаин, при што се вршат претреси на околу 15 локации и се опфатени повеќе лица.

Според неофицијални информации, меѓу приведените се споменуваат и имиња познати во криминалните кругови.

Од институциите засега нема официјална потврда. Според безбедносни извори, станува збор за поширока и неселективна акција насочена кон структури кои подолг период оперирале во сенка.

Најнови вести од: Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене.“, порача Хориха.

(Видео): Филипче и Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат за градежни активности во непосредна близина на главната водоводна цевка и стравуваат од можни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Се бара итен инспекциски надзор и одговори од Општина Центар за контролата на изградбата и безбедноста на водоводната инфраструктура.

(Фото): Кога талентот има поддршка, успесите немаат граници – Четири години заедничка приказна на „Триглав“ со Македон Димитровски

За знаењето и талентот не постојат граници, ниту пак години. Македон Димитровски, момчето чие име веќе години наназад е синоним за вонсериски математички ум и гордост на нашата земја, продолжува да реди успеси и да го потврдува својот исклучителен потенцијал на домашната и меѓународната сцена.

Неврологот Барбов се чувствува злоупотребен од Ива: Предложив да се лекува во Бугарија, но таа се преправаше!

Неврологот Иван Барбов вели дека се чувствува злоупотребен од страна на Ива Михаилова, која доаѓала кај него на лекување со посттраумтска повреда по сообраќајната несреќа.

To top