Свет

Дури и војната да заврши денес, ќе има негативно влијание врз остатокот од светот

Светската програма за храна (WFP) кон средината на март изјави дека милиони луѓе ќе се соочат со акутен глад ако војната продолжи до јуни

 

Ввојната на Блискиот Исток ќе доведе до повисока инфлација и побавен глобален раст, оцени синоќа за Ројтерс шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

Воениот судир предизвика најголемо нарушување на глобалните резерви на енергија досега откако иранската блокада на Ормутскиот теснец, клучен за транспорт на една петтина од светската нафта и гас, го запре производството на милиони барели нафта. Дури и ако конфликтот се реши брзо, ММФ ќе ја намали својата прогноза за економски раст и ќе ги зголеми изгледите за инфлација, изјави директорката.

Таа смета дека и без војна, ММФ очекува мало подобрување во својата проекција за глобален раст од 3,3 проценти во 2026 година и 3,2 проценти во 2027 година, бидејќи економиите продолжуваат да се опоравуваат од пандемијата.

Војната ги намалила глобалните залихи на нафта за 13 проценти, со ефекти на прелевање врз испораките на нафта и гас и поврзаните синџири на снабдување како што се хелиум и ѓубрива.

Дури и брзото завршување на непријателствата и брзото закрепнување би резултирало со „релативно мало“ намалување на прогнозата за раст и зголемување на прогнозите за инфлација, додаде таа, а ако војната продолжи, влијанието врз инфлацијата и растот би било поголемо.

Сиромашните, ранливи земји без енергетски резерви ќе бидат најтешко погодени, оценува Георгиева, истакнувајќи дека многу земји имаат малку или воопшто немаат фискален простор за да им помогнат на своите популации да го издржат зголемувањето на цените предизвикано од војната, што пак го зголемува ризикот од социјални немири.

Георгиева рече дека некои земји веќе побарале финансиска помош, но не ги именувале. Таа рече дека ММФ би можел да прошири некои постојни програми за кредитирање за да ги задоволи потребите на земјите, а дури 85 проценти од членките на ММФ се увозници на енергија.

Широките субвенции за енергија не се одговорот, додаде таа, повикувајќи ги креаторите на политиките да избегнуваат владини плаќања што би можеле дополнително да ги поттикнат инфлациските притисоци.

„Дури и војната да заврши денес, сепак ќе има негативно влијание врз остатокот од светот“, предупреди таа.

Меѓу другото, Светската програма за храна (WFP) кон средината на март изјави дека милиони луѓе ќе се соочат со акутен глад ако војната продолжи до јуни. Георгиева рече дека ММФ сè уште не гледа криза со храна, но дека може да се случи ако се нарушат испораките на ѓубрива.

Најнови вести од: Свет

Трамп бара одговор што не доаѓа: Зошто Иран се уште не падна на колена?

Вечерва, кога рокот ќе истече, светот конечно ќе дознае што се случува кога на тоа прашање сѐ уште нема одговор – и дали таа тишина ќе донесе примирје, ново одлагање, привидна победа или, пак, најжестокиот удар досега.

Втора сесија Стратешки дијалог САД-Македонија во Вашингтон

Со одржувањето на втората сесија од Стратешкиот дијалог се потврдува континуитетот на сојузништвото меѓу двете земји и заедничката посветеност кон унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот и пошироко

To top