Македонија

Мицкоски: Опозицијата преку студентските протести се обидува да ја дестабилизира Македонија

Владата ги информирала сојузниците во НАТО и во ЕУ за обид за дестабилизација од страна на опозицијата за време на вчерашниот протест во Скопје, соопшти премиерот

 

„Вчера видовме голем број на опозициски и активисти и високи функционери кои беа на протестот, давајќи му и политичка конотација. Ние за тоа ги информиравме нашите сојузници и во НАТО и во Европската Унија за обид на опозицијата на одреден начин да направи дестабилизација и мислам дека тоа не наиде на одобрување од високи преставници на меѓународната заедница“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој  оцени дека присуството на голем број опозициски активисти и високи функционери на вчерашниот „студентски протест“ дале политичка конотација на вчерашниот протест.

Заа брањата на студентите за полагање на правосудниот испит и на албански јазик, Мицкоски вели дека барањата се едно, а Уставот и меѓународните стандарди се нешто сосема друго.

„Факт е дека Законот за употреба на јазиците е предизвикан пред Уставниот суд токму во оној дел на правосудството и владеењето на правото. Факт е дека имаме негативно мислење од Венецијанската комисија во однос на двојазичноста во правосудството бидејќи прво, немаме доволно ресурси за тоа да го имплементираме, а второ, не се гарантира владеењето на правото. Затоа тие силно препорачуваат да се вратиме на законот за јазици од 2008 или 2009 година“.

Тој посочи дека е формирана комисија составена од уставни експерти кои треба да најдат решение во однос на ова прашање кое истовремено ќе биде уставно и согласно меѓународните стандарди.

Најнови вести од: Македонија

Средба Савески-Политичарите да се воздржат од влијанија и притисоци врз правосудството! Политиката да ги тргне рацете од него!

Важно е да се обезбеди максимална независност и самостојност на правосудните органи, како суштински предуслов за владеење на правото, истакнаа државниот обвинител Ненад Савески и претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, кои денеска одржаа работна средба. Недовербата во правосудството може да се надмине само преку конкретни постапки, професионален интегритет и видлива отчетност, рече државниот обвинител Ненад Савески на оваа работна средба.

Спроти завршувањето на рокот Иран да го отвори Хормускиот теснец и можното негово масовно бомбардирање драматична објава на Трамп: Целата цивилизација ќе умре вечерва!

„Целата цивилизација ќе умре вечерва, за да не се врати никогаш повеќе. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи.“ – порача предмалку претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп во драматичната и невообичаена објава на својата општествена мрежа „Општествена вистина“ („Truth Social“ ). Оваа заканувачка објава американскиот претседател ја изнесе денес, пред истекот на крајниот рок до 20 часот, што им го постави на иранските лидери да ја прекинат блокадата на Хормускиот теснец и да го отворат за минување на танкери со нафта, за да, како што рече, „не им се урне врз главата пеколот“.

Кекеновски за полагањето правосуден на албански: Тоа е политички инструментализирана тема, спротивна на уставниот поредок! Правото не е етнички договор!

Професорот по право Јове Кекеновски оцени дека барањето правосудниот испит да се полага на друг јазик не претставува прашање на јазични права, туку политички инструментализирана тема што, според него, е спротивна на уставниот поредок и правната сигурност. Тој посочува дека Уставот јасно го утврдува македонскиот како службен јазик, додека употребата на другите јазици се однесува на институционална комуникација, а не на професионални критериуми за влез во правосудниот систем.

Мицкоски: Македонија е прва во Европа со ваков стратешки дијалог со САД, ретка руда од паланечко ќе се извезува во Оклахома

Македонија е првата земја од Европа која одржува стратешки дијалог на вакво високо ниво со актуелната администрација на Соединетите Американски Држави.

Најнови вести

To top