Македонија

Бугарски европратеник: Софија има право да стави вето на секоја промена на европскиот консензус за Македонија

Mинатата година бугарските европратеници успеале да ги блокираат предлозите поврзани со македонскиот идентитет и јазик.

 

„Секоја промена на европскиот консензус ќе ѝ даде на Бугарија право да стави вето на членството на Македонија во Европската Унија.“

Ова го изјави бугарскиот европратеник Илија Лазаров од Европската народна партија, коментирајќи ги она што тој го нарекува напори за ревидирање на европските услови за официјално Скопје.

Според него, известувачот во Европскиот парламент, Томас Вајц, дејствува во близок контакт со владата на Република Македонија.

Вајц работи под диктат на Мицкоски и на Муцунски, обвини бугарски европратеник

Тој потсети дека минатата година бугарските европратеници успеале да ги блокираат предлозите поврзани со македонскиот идентитет и јазик.

„Сите 17 бугарски европратеници работеа едногласно во тоа време, потпишаа и испратија две писма до Роберта Мецола, до сите колеги по целиот синџир. Бугарскиот став беше прифатен и разбран, амандманите не поминаа“, рече бугарскиот европратеник.

Според Лазаров, сега се прави обид за отстранување на вториот протокол, кој е дел од таканаречениот „француски предлог“.

Најнови вести од: Македонија

Архиепископ г.г Стефан: На мајчин македонски јазик да објавиме ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та, со нашата вера и со богоугодни дела, да го озариме светот со велигденска радост, па во братољубие, оттука, па до сите краишта на светот, до каде што нè има како народ и како Црква, да објавиме на нашиот мајчин македонски јазик: ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

Доживотните казни за убијците на Вања и Панче пред Апелација

Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во делот на ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, како и за второто дело на обвинетите

To top