Македонија

Фрчкоски јуниор не знае каков е квалитетот на кокаинот во Скопје (ВИДЕО)

Еден од клучните луѓе во СДСМ тврди дека не бил ,,некаков уживател” на кокаин

Членот на управниот одбор на СДСМ Јон Фрчкоски во подкастот ,,Јанаки знае” одговара на прашање за квалитетот на кокаинот во Скопје.

Фрчкоски Јуниор на прашањето на Јанаки Митровски за квалитетот на кокаинот во Скопје вели дека ќе одговори искрено и без ракавици.

Според Јон Фрчкоски тој не знае каков е квалитетот на кокаинот во Скопје а не коментира на забелешката на Митровски дека можеби само еднаш пробал кокаин и затоа не знае каков е квалитетот на дрогата што е присутна во Скопје.

Функционерот на СДСМ вели дека да бил ,,некаков уживател” ќе можел да каже но вака на некое друго место може да се добие одговор.

Фрчкоски беше снимен како шмрка кокаин од работната маса во неговиот кабинет во Јавното претпријатија за стамбен и деловен простор додека беше директор на правната служба.

Поврзани вести

Колку ранливи граѓани настрадале од кокаинот на Јон Фрчкоски (ВИДЕО)

,,Шмркачот” на кокаин од СДСМ целосно рехабилитиран од партијата

Фото: Принт скрин ФБ страна ,,Јанаки знае”

Најнови вести од: Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене.“, порача Хориха.

(Видео): Филипче и Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат за градежни активности во непосредна близина на главната водоводна цевка и стравуваат од можни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Се бара итен инспекциски надзор и одговори од Општина Центар за контролата на изградбата и безбедноста на водоводната инфраструктура.

(Фото): Кога талентот има поддршка, успесите немаат граници – Четири години заедничка приказна на „Триглав“ со Македон Димитровски

За знаењето и талентот не постојат граници, ниту пак години. Македон Димитровски, момчето чие име веќе години наназад е синоним за вонсериски математички ум и гордост на нашата земја, продолжува да реди успеси и да го потврдува својот исклучителен потенцијал на домашната и меѓународната сцена.

Неврологот Барбов се чувствува злоупотребен од Ива: Предложив да се лекува во Бугарија, но таа се преправаше!

Неврологот Иван Барбов вели дека се чувствува злоупотребен од страна на Ива Михаилова, која доаѓала кај него на лекување со посттраумтска повреда по сообраќајната несреќа.

To top