Спорт

Историски чекор во Бундеслигата: Жена за првпат стана тренер на клуб од Големата петорка

Револуционерна промена се случи во германскиот бундеслигашки клуб Унион Берлин.

За прв пат во историјата на Големата петорка, жена стана главен тренер на машка екипа од највисокото ниво. Револуционерна промена се случи во германскиот бундеслигашки клуб Унион Берлин.

По вчерашниот пораз од 3:1 на гостински терен кај Хајденхајм, раководството на Унион Берлин донесе брза одлука и го отпушти дотогашниот тренер Штефен Баумгарт. На негово место беше назначена 34-годишната Мари-Луиз Ета (по момински Багехорн).

Ета, која досега успешно го водеше младинскиот тим на Унион до 19 години, а во летото требаше да го преземе женскиот тим на клубот, сега доби многу потешка и поодговорна задача – да го спаси Унион Берлин од испаѓање од Бундеслигата.

„Воодушевена сум што клубот ми ја даде довербата за оваа тешка задача. Силата на Унион отсекогаш била и останува во тоа што во критични моменти сите ние ги здружуваме силите. Секако, сигурна сум дека ќе ги собереме потребните бодови кои ќе нè спасат“, изјави Мари-Луиз Ета веднаш по преземањето на функцијата.

Унион Берлин моментално се наоѓа на 11. место на табелата, но само со седум бодови предност пред Занкт Паули, кој е на 16. место и се наоѓа во зоната на баражот за испаѓање од елитното натпреварување.

Најнови вести од: Спорт

To top