Македонија

Шест километри утринска дипломатија

Македонскиот министер објави на Фејсбук дека трчањето е одлична можност за гостинот да го запознае нашиот главен град

 

Белгискиот министер Максим Прево  кој од вчера е во посета на Македонија, утрово го започна со заедничко трчање со својот домаќин и македонски колега, министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

„„Утрово, заедно со мојот колега и пријател, белгискиот министер за надворешни работи, Максим Прево, започнавме со поинаков почеток на денот – утринско трчање од 6 км низ Скопје. Шест километри низ градот беа одлична можност, во неформална и спортска атмосфера, да споделиме дел од енергијата на Скопје и да ѝ ги приближиме на белгиската делегација препознатливите обележја на нашиот главен град“ напиша Муцунски на Фејсбук и сподели фотографии.

 

Најнови вести од: Македонија

Љутков го следеше изгрејсонцето на летната долгоденица на Кокино

Особено впечатлив е феноменот на летната долгодневица, кога од точно определена точка на локалитетот изгрејсонцето може да се набљудува низ специфичен карпест процеп, што претставува една од најпрепознатливите особености на Кокино

Бојковска: Доказ за посветеноста на Владата кон европскиот пат е исполнетоста на Реформската агенда

Нашата задача од првиот ден беше да бидеме први во регионот, не само да исполнуваме, туку да докажеме дека Македонија не мора секојпат да потклекнува, не мора секојпат да моли, туку да биде и пример како може да се победува

To top