„Купувањето гласови ќе остане во фокусот на полицијата, дури и по изборите“, изјави генералниот секретар на бугарското Министерствто за внатрешни работи.
До институциите пристигнале 1.740 пријави за изборни нерегуларности. Ова е значително зголемување во споредба со 418 пријави на претходните избори.
Шемите што ги користат купувачите на гласови се болно познати. Тие вклучуваат 30-50 евра за продаден глас, простување на долгови кај лихвари, во селски продавници, дури и закани за укинување на социјалните бенефиции…
Секогаш се составуваат списоци со имиња, матични броеви, па дури и броеви на лични карти. Во неколку акции беа пронајдени и кутии полни со лични документи на луѓе.
Сè почести се дејствијата во кои униформираните наоѓаат примероци од гласачките ливчиња кои треба да се пополнат однапред за да не погреши тој што ги зема парите и да меморира кој круг да стави X на гласањето во недела.
Дури и фризерските салони паднаа под нож на МВР, бидејќи беа запленети списоци со имиња на клиенти.
Вршителот на должноста министер за внатрешни работи, Емил Дечев, секоја недела покажува податоци во кои разликата за поведените претистражни постапки и протоколи за предупредување е за 500 отсто поголема во однос на бројките од претходните избори во Бугарија.