Македонија

Македонија со 11,4 % помалку население во споредба со 2011-та

Рекордери во Европа по намалување на населението се Албанија и Бугарија – нашата земја е веднаш зад нив

Бројот на населението во Македонија се намали за 11,4 проценти во споредба со 2011 година, најмногу во Европа по Албанија и Бугарија, покажуваат податоците на Евростат.

По Македонија следат Босна и Херцеговина и Хрватска.

Населението на Албанија се намали за 18 проценти на крајот од 2024 година, во споредба со бројот во 2011 година. Во предметните периоди, кога беа спроведени пописите на населението, населението на земјата се намали за повеќе од 500.000 жители, објави „euronews.al“.

Според европската агенција за статистика, Евростат, ова процентно намалување е највисоко во Европа, по што следуваат Бугарија, која изгуби 12,3 проценти од своето население во текот на изминатата деценија, и Македонија со 11,4 проценти.

Во регионот, речиси сите земји беа погодени од бран на емиграција, а една земја што успеа да го задржи своето население речиси непроменето е Црна Гора, која забележа зголемување од 0,6 проценти.

Западноевропските земји успеаја да го зголемат своето население како резултат на агресивните имиграциски политики како решение за надминување на демографските проблеми што произлегуваат од стареењето на населението и намалувањето на стапката на наталитет. Во меѓувреме, еврозоната го зголеми своето население за 3,2 проценти од 2011 година.Телеграфи

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top