Хроника

Осум пријави за семејно насилство, четири лица лишени од слобода за едно деноноќие

За посегнување по член на семејството приведени лица од Скопје, Кичево, охридско и гостиварско

Службениците на Министерството за внатрешни работи со полни раце работа поврзана со семејсно насилство и во последното деноноќие.

„На 18.04.2026 во 22:05 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.С.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба во Скопје во периодот од 2024 година до 18.04.2026 често упатувал закани кон неговиот 62-годишен татко, постојано му вршел психичко и физичко малтретирање, а неколкупати замавнувал ѝ со остар предмет кон него.

На 18.04.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од скопско пријави дека во периодот од март 2025 година до 18.04.2026,  нејзиниот поранешен сопруг П.Г. преку социјална мрежа ѝ упатувал заканувачки пораки кон неа и нејзиното семејство.  Според пријавеното, тој претходно ја малтретирал и психички и физички.

На 18.04.2026 во 07:00 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од скопско пријави дека околу 04:30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Петровец била физички нападната од нејзиниот сопруг И.Б.(56), кој притоа ѝ упатувал закани, оштетил дел од покуќнината и ја избркал од домот. Таа ѝ претходно била психички и физички малтретирана од нејзиниот сопруг, но досега пријавувала. Подоцна, полициски службеници извршиле службен разговор со пријавениот.

На 18.04.2026 во 02:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.М.(37) од охридско. Претходниот ден околу 21:00 часот во семејниот дом тој физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга, а подоцна со остар предмет ѝ се заканувал нејзе и на нивните пријатели Д.П. и К.К.. Против него е поднесена кривична пријава, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор во траење од осум дена.

На 18.04.2026 во СВР Охрид, полициски службеници извршиле службен разговор со З.С.(48) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека на 16.04.2026 се заканувала на нејзиниот 47-годишен сопруг, а на 18.04.2026 физички го нападнала на неговото работно место.

На 18.04.2026 во 18:50 часот во ОВР Дебар, 47-годишник од Дебар пријави дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговиот син Џ.Н.(21), лице со здравствени проблеми и кој подоцна е пренесен во здравствена установа.

На 18.04.2026 во 20:15 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.Д.(52) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во неколку наврати во текот на денот се јавувал на неговата 48-годишна сопруга и ја вознемирувал неа и нејзината мајка и покрај тоа што од Основен суд Кичево имал забрана да ги контактира двете.

На 18.04.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Е.М.(41) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава дека преку телефонски повици и социјални мрежи упатувал закани на неговата поранешна 35-годишна партнерка. Истовремено, неговата сопруга А.М.(40) пријавила дека поранешната партнерка на нејзиниот сопруг на социјална мрежа објавувала содржини со кои ги злоупотребила нејзините лични податоци и упатувала навреди кон нејзиното семејство“, соопшти МВР.

Најнови вести од: Хроника

ДЗР: Студентскиот дом „Пелагонија“ го плаќал лебот по 126 денари за килограм! – Малверзации и кај душеците за студентите!

Државниот завод за ревизија утврдил повеќе, како што наведува, малверзации и недоследности во јавните набавки при работата на студентскиот дом ,,Пелагонија” во Кисела Вода, при што најмногу во очи паѓа сознанието дека домот набавувал леб по цена од 126 денари за килограм!

Кривична пријава против двајца и фирма од Велешта, бидејќи незаконски копале минерални суровини и ја загадиле водата во Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Х.М. (50) и Н.К. (54), двајцата од Велешта, како и против правен субјект од истото село. Тие се сомничат за кривичните дела „узурпација на недвижности“, „незаконита експлоатација на минерални суровини“, „предизвикување опасност при градежни работи“ и „загадување вода за пиење“.

Вчера во цела Македонија казнети 166 пешаци, поради небезбедно преминување улица надвор од пешачки премин

Во текот на вчерашниот ден (17.08.2026) од 9 до 15 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на целата држава, заради казнување прекршоци, што ги прават пешаците. При контролата казнети се 166 пешаци, од кои 137, поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

Крвава драма во Батинци: Петмина ги нападнале И.М. (41) и неговиот малолетен син и им нанеле расекотини со остар предмет!

Според полицискиот билтен, синоќа околу 20 часот во СВР Скопје И.М. (41) пријавил дека во двор од неговата куќа во скопското село Батинци бил физички нападнат од С.С., М.С., Н.С., А.С. и Р.С.

To top