Македонија

Осуденик од прилепскиот затвор пријави измама: му било ветено „намалување казна“, за што платил 14.800 евра!

Осуденик од Казнено-поправната установа Затвор Прилеп пријавил дека бил измамен за сума од 890.000 денари, информира Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, на 21 април 2026 година во 12:30 часот во ОВР Прилеп, осуденикот навел дека пред околу два месеци лицето К.К. го довело во заблуда, ветувајќи му дека ќе му помогне да му се намали затворската казна.

За таа „услуга“, како што тврди пријавителот, во повеќе наврати му исплатил вкупно 890.000 денари. Откако сфатил дека станува збор за измама, случајот го пријавил во полиција.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најнови вести од: Македонија

Македонија има скапоцен минерал што светот го бара

Зошто Македонија, земја со еден од најретките минерали на планетата директно поврзан со вселенските истражувања, сè уште нема национална визија за вселенската наука, прашуваат од Астра, здружението за астрономија и вселенски истражувања. Се работи за рудникот Алшар и минералот лорандит.

Скопски таксист му наплатил 7.800 денари на швајцарски турист

Според пријавата, 43-годишниот патник користел такси-превоз од центарот на градот до Средно Водно, при што возачот му наплатил дури 7.800 денари. Откако реагирал дека цената е превисока, таксистот станал агресивен и го напуштил местото, пренесува ТВ Стар.

Муцунски на средба со Клаудија Бауер: Проширувањето на ЕУ е геополитичка неопходност за стабилност и безбедност

На средбата стана збор за актуелните состојби и приоритети поврзани со европската агенда на државата, при што министерот Муцунски информираше за напредокот во спроведувањето на Планот за раст и Реформската агенда.

„Хорор-приказна“: Родители дозволиле малолетници ќерки да живеат во вонбрачни заедници, едната била и силувана!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривични пријави против четири лица поради сомнение за сторени кривични дела поврзани со вонбрачен живот со малолетници, а едно лице се гони и за силување на дете помладо од 15 години.

Започна укинувањето на „Пржинската“, „техничка влада“ – доста е веќе со „пржинските експерименти“ со Македонија!

„Со 67 гласа за и 13 против – сите од опозицијата, Собранието ја утврди потребата од донесување на измени на законот за Влада, со што се предлага укинување на Пржинската, односно техничката влада. Од СДСМ бараат измените да бидат донесени со консензус исто како и кога беа усвоени претходно, а не како што сега е предложено, по скратена постапка. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски рече дека токму по барање на Христијан Мицкоски донесени се потоа измени техничката влада да функционира се до влегувањето на земјава во ЕУ.“ – објави ТВ 21 во својата статија „Почна процесот на укинување на Пржинската влада – опозицијата против и бара консензус, власта вели тоа е надминато решение“.

Македонија бара од Грција да ги укине биометриските проверки летово – Ќе има ли олеснување на граница?!

Засега – нема официјална одлука, но постои реална можност да има олеснувања. Македонските туристички власти, преку Туристичко-угостителската комора, веќе испратиле барање до Министерство за туризам на Грција македонските туристи привремено да бидат изземени од примената на ЕЕС во периодот од 1 јуни до 30 септември – односно во шпицот на летната сезона.

Мицкоски: Европа нема да биде силна, ако нејзините делови останат слаби! – Градиме држава што нуди сигурност, а не неизвесност

„Има моменти кога Европа мора да избере: дали ќе реагира или ќе води. Денес сме токму во таков момент. Живееме во време на преиспитување. Време кога сигурноста не се подразбира, кога енергијата станува политика, заедно со економијата се прашање на опстанок. Во такви околности, зборовите имаат помала тежина од одлуките, а декларациите вредат онолку колку што сме подготвени да ги спроведеме. Ние сме подготвени сме да работиме. Подготвени сме да донесуваме одлуки. Подготвени сме да остваруваме резултати. И затоа веруваме дека со партнерство што се темели на доверба и конкретни проекти, ќе изградиме нешто што ќе трае подолго од еден мандат, подолго од една криза, подолго од една генерација. А Европа не смее да биде само идеја. Европа мора да биде резултат.“ – истакна премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски на прес-конференција во Виена.

To top