Македонија

Македонија на 11 место според индексот на поднесени апликации пред ЕСЧП, износот на досудени средства над 2 милиони евра

Државата со индекс од 1.80

Државата со индекс од 1.80 е на 11. место на Индексот на поднесени апликации пред ЕСЧП, истакна директорката на Бирото за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права, Даница Џонова при презентацијата на Годишниот извештај на Бирото за 2024 година, кој беше разгледан на денешната седница на собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.

-Бројот на поднесени апликации пред ЕСЧП против Македонија се чини во текот на 2024 година запазува релативно стабилен тренд. Слично како и во претходните години, во текот на 2024 година, овој број е над европскиот просек мерено според индексот на поднесени апликации на 10.000 жители, кој на европско ниво во текот на 2024 изнесуваше 0.38 несметајќи ја статистиката во поглед на Русија. Македонија  во 2024 година според овој индекс заврши на 11-то место во семејството на држави членки на Советот на Европа со индекс од 1.80. Индексот на поднесени апликации пред ЕСЧП на 10.000 жители против државата во 2023 година изнесуваше 1.83, во 2022 година беше 1.26, во 2021 изнесуваше 1.47, во 2017 година изнесуваше 1.66, во текот на 2016 година индексот беше 1.64, а со ваквиот индекс државата во 2022 и 2021 година беше на 7. место, во 2020 година беше на 12. место, во 2019 година беше на 11. место, во 2018 година беше на 9. место, а во 2017 и во 2016 година на 11. место меѓу државите членки на Советот на Европа. Во текот на 2024 ЕСЧП одлучи по вкупно 481 апликации против Македонија (за разлика од 2023 година кога овој број изнесуваше 340) – рече директорката на Бирото.

Во 2024 година, како што нагласи таа, ЕСЧП прогласи за недопуштени или симна од листата на сопствени предмети вкупно 180 апликации против државата, за разлика од претходната 2023 година кога бројот беше 432.

-Иако, најчесто поради неисполнување на определени формални претпоставки (како на пример непочитување на роковите за поднесување на апликациите или неискористување на домашните правни средства пред поднесување на апликацијата), кај овој вид на апликации кои завршуваат како недопуштени, Судот е спречен да ја испитува основаноста на истите (најголемиот дел од нив и без да се достават на одговор до државата, во случај кога одлучува судија поединец), не треба да се исклучи можноста дека тие сепак разоткриваат сериозни повреди на ЕСЧП. Покрај тоа со симнување на листата од предмети завршуваат и апликациите за кои ЕКЧП донесува одлука врз основа на постигнатата спогодба помеѓу странките или врз основа на еднострана декларација со која државата ја признава повредата на Европската конвенција за човекови права – рече Џонова.

Во текот на 2024 година пред различните судски формации на ЕСЧП биле распоредени вкупно 328 апликации против Македонија, што е, како што рече, незначително намалување во однос на претходната 2023 година кога овој број изнесуваше 335, а во 2021 година беа 367 апликации.

-Во текот на 2024 година до Бирото за застапување на Македонија на одговор беа доставени вкупно 44 апликации. Овој број во 2023 година изнесуваше 48, во 2022 година овој број изнесуваше 24, во 2021 година бројот на доставени апликации на одговор до државата изнесуваше 39, но истиот број во 2020 година изнесуваше 139. Во последните години се почесто се доставуваат на одговор апликации кои покренуваат исклучително сложени прашања и имаат повеќекратни наводи за повреда на ЕСЧП. Во текот на годината беа донесени вкупно 10 пресуди против Македонија за вкупно 12 апликации (имајќи предвид дека за некои од нив Судот ја спои постапката). Во сите 10 пресуди беше констатирана повреда на ЕСЧП (подетално за пресудите и одлуките на ЕСЧП). Од вкупниот број на пресуди против државата, 129 пресуди се однесуваат на членот 6 од Конвенцијата  – правото на правично судење, при што беа утврдени повреди во 123 предмети. Голем број од пресудите во врска со членот 6 се однесуваат на правото на судење во разумен рок – потенцира директорката на Бирото.

Џонова истакна дека во текот на 2024 година износот на досудени средства по сите основи од страна на ЕСЧП е вкупно 2.191.883 евра и претставува зголемување во однос на износот на парични средства досудени од страна на ЕСЧП во претходните години, или највисок износ досега гледано споредени во последните 10 години, што го прави  рекордна сума на досудени износи од страна на ЕСЧП во предмети против државата досега. Во еден случај, како што рече, било забележано доцнење при исплатата.

Џонова нагласи дека Бирото функционира со многу мал кадар и мали буџетски средства.

-Законските решенија и во Законот за застапување и во Законот за извршување се прилично стари и бараат ажурирање. Меѓутоа, Бирото нема капацитети да одговори на овој предизвик и тоа не само вчера, денеска, веројатно така ќе биде и утре. Зошто? Јас се сеќавам дека во 2017 година кога бев именувана за в.д. владин агент Бирото го преземав со двајца вработени правници. Се мачев многу за да создадам некаква екипа низ годините. Работевме со пет-шест вработени кои низ годините се осипаа. Бирото во текот на 2025 година, негде од летото па наваму функционира само со мене како в.д. директор на Бирото и архивар. Од јануари 20225 година до летото 2025 година функциониравме само со уште еден плус правник. Ситуацијата е неподнослива. Слично како и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, тие велат дека во едно одделение имаат само еден вработен, а ние не можеме да формираме одделение. Лани со таква кадровска ситуација и со образложен предлог, ние не добивме согласност за нови вработувања. Се надевам, такви сигнали добивам, дека ќе ни стигне поединечна согласност за шест вработувања. Меѓутоа, и кадровските и буџетските капацитети ни се исклучително проблематични – рече Џонова.

Откако државата ја ратификуваше Европската конвенција за човекови права на 10 април 1997 година, Европскиот суд за човекови права има донесено 212 пресуди и 566 финални одлуки за допуштеност и одлуки за симнување на апликации од листата на предмети пред Судот во предмети против Македонија. Од вкупниот број на пресуди против државата, 163 се усвоени од совет од 7 судии, 47 од комитет од тројца судии во т.н. „повторувачки“ предмети или т.н. WECL – предмети на добро воспоставена судска пракса и 2 од страна на Големиот судски совет. Во текот на 2024 година, против нашата држава беа донесени 10 пресуди (по 12 апликации поднесени пред ЕСЧП) и 18 одлуки (по вкупно 39 поднесени апликации).

Најнови вести од: Македонија

Завршни зборови во морбидниот случај за убиството и касапењето на телото на 79-годишна жена од Штип

Ги сакал жените и никогаш не би кренал рака на нив -со овие зборови обвинетиот Денис Асанов, во јавноста познат како „касапот од ШТИП„ поради убиството на 79 годишната Борјанка Николова, што се случи лани во ноември, ја негираше својата вина во завршните зборови пред основниот суд во Велес. Обвинителството, пак посочувајќи на бруталноста на […]

Видео: Пораки од телефон ја отвараат приказната против експретседателката на Антикорупциска Димитровска

Еден ручек . Толку ја чинело експретседателката на Антикорупциска Татјана Димитровска полагањето на тестот за безбедносен сертификатат. Но, не е сигурно дека нејзиниот колега Миле Столевски кој полагал наместо неа, ќарил ручек. Ова произлегува од пораките кои обвинителството ги прочита пред судот со кои ја товари Димитровска за комјутерски фалсификат. Експретседателката и обвинетиот Столевски го […]

To top