Ракометарите на Вардар се доближија само на еден бод до својата 16. титула прваци на Македонија, откако на својот 65. роденден го совладаа Алкалид со 30:27 во шестото коло од плејофот во Суперлигата.
Играјќи во ретро дресови пред своите навивачи во арената „Јане Сандански“, двократниот освојувач на Лигата на шампионите го најави триумфот со водството од 17:14 на полувремето, кое во вториот дел порасна на пет гола разлика.
Јака Малус со 8 погодоци, Вукашин Воркапиќ со 5 и Милош Валах со 14 одбрани го одбележаа шампионското издание на „црвено-црните“, а кај гостите од Автокоманда се издвои Ненад Костески со 6 гола.
Славеничката атмосфера пред натпреварот ја надополни дефилето на клупските легенди Миодраг Мицковиќ, Владимир Шахов, Александар Књазев, Зоран Петковски, Александар Царчев, Стојан Петрушевски, Кирил Атанасовски, Тони Николовски, Емил Стојановски, Љубомир Илиевски, Сречко Ѓоргиевски, Зоран Гиевски, Аце Станковски…