Македонија

Разбиено злосторничкото здружување за нелегален ботокс: уапсени 14 лица! Во криминалот доктори во скопски клиники и сопственици на дерматолошки ординации!

Министерството за внатрешни работи соопшти детали за обемната полициска акција спроведена на 23.04.2026 година, во која се сузбиени организирани криминални групи инволвирани во нелегален увоз и дистрибуција на медицински средства што се користат при естетски зафати. Акцијата е реализирана од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК. Во рамките на истата, врз основа на судски наредби од Основниот кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола.

При акцијата лишени од слобода се 14 лица, меѓу кои доктори вработени во скопските клиники, сопственици на дерматолошки ординации, како и лица кои организирале транспорт и продажба на нелегално внесени медицински лекови и помагала, без одобрение од надлежен орган, без упатства и декларации. При претресите се пронајдени и одземени поголеми количини медицински препарати – филери, ботокс и хијалурон, како и 39.285 евра, 2.490 швајцарски франци и 26.000 денари. Одземено е и патничко возило „порше“, поголема количина парфеми со декларации, мобилни телефони и тревкаста материја.

Денеска, 24.04.2026 година, Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги поднесе кривична пријава до ОЈО ГОКК против 19 физички лица и шест правни лица. 
Дел од пријавените се товарат за кривични дела „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „злосторничко здружување“, додека други се гонат и за „примање поткуп“. Во пријавата се опфатени лица со иницијали Н.А. (43), С.К. (46), А.К. (41), М.Ѓ. (47), Ѓ.С. (32), С.М.С. (31), В.С. (49), како и В.А. (61), Р.Т.Ѓ. (53), Н.К. (42), А.К. (45), Д.Ф. (44), М.И.В. (38), А.Т. (27), С.Ф. (36), К.А. (53), О.Д. (65) и С.А. (40). Пријавен е и А.М. (38), кој се товари и за примање поткуп.

Според истрагата, во текот на 2026 година, дел од осомничените формирале злосторничко здружување кое делувало на подрачјето на Скопје и околината, а подоцна се проширило и во Источна Македонија. Во мрежата биле вклучени и правни лица од Скопје и Битола. Со цел да стекнат противправна имотна корист од големи размери, тие набавувале фалсификувани медицински лекови и помагала, меѓу кои ботокс, од Србија, Кореја и Турција. Препаратите биле нелегално внесувани во државата, складирани, дистрибуирани и продавани, а дел од нив биле и аплицирани врз лица при естетски зафати. 


Иако биле свесни дека станува збор за лекови и медицински помагала кои не се увезени согласно законските прописи и немаат одобрение од МАЛМЕД, осомничените продолжиле со нивна употреба, со што, според МВР, предизвикале општа опасност по здравјето на граѓаните. Дополнително, пријавениот А.М., во својство на царински службеник, во два наврати примил поткуп за да овозможи нелегален влез на стоката без да биде извршена царинска контрола на две пратки со лекови. Истрагата продолжува, а надлежните институции најавуваат дополнителни мерки и постапки во зависност од доказите што ќе бидат обезбедени.

Најнови вести од: Македонија

Одложено судењето за деветтемина полицајци обвинети во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“

Судењето за деветтемина полицајци обвинети во врска со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, кои се товарат за пропуштањето на службените обврски за издавање согласност за дискотеката да добие лиценца, се одложува за 1 јуни со цел одбраната да може да обезбеди и да изврши убид во доказите

Лесната пешадиска баталјонска група оценета како борбено подготвена за извршување на својата мисија

Со успешно реализираното оценување, ЛПБГ ја потврди својата обученост, високата борбена подготвеност и интероперабилност со сојузниците, што претставува значаен придонес во зајакнувањето на капацитетите на Армијата и НАТО – се нагласува во соопштението на Генералштабот на Армијата

Двајца вработени завршија во притвор поради поткуп: Полицаецот зад решетки, доставувачот во куќен

Двајца вработени во Кривичниот суд се осомничени за поткуп, при што едниот доби затворски, а другиот куќен притвор. Обвинителството поднесе жалба за поблага мерка

(Фото): Евтин ботокс за грѓаните, ризикувале и ги унаказиле – полицијата почна истрага

Акцијата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и на Министерството за внатрешни работи отвори сериозни сомневања за постоење добро организирана мрежа која стои зад нелегалниот увоз и дистрибуција на медицински средства што се користат во естетските третмани.

Најнови вести

To top