Македонија

Лесната пешадиска баталјонска група оценета како борбено подготвена за извршување на својата мисија

Со успешно реализираното оценување, ЛПБГ ја потврди својата обученост, високата борбена подготвеност и интероперабилност со сојузниците, што претставува значаен придонес во зајакнувањето на капацитетите на Армијата и НАТО – се нагласува во соопштението на Генералштабот на Армијата

Во кампот за обука „Пепелиште“, по реализираните активности на националната теренска вежба „Блесок 26“ и по завршувањето на последниот настан од главната листа на настани и инциденти, денеска успешно е завршен процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), согласно стандардите за оценување на копнени команди и единици од Здружената команда за операции на НАТО, соопштија попладнево од Генералштабот на Армијата.

На денешното официјално соопштување на оценката од страна на оценувачкиот тим и НАТО мониторите, на командантот на ЛПБГ му било соопштено дека единицата ги исполнува сите предвидени стандарди и била оценета како „борбено подготвена за извршување на својата мисија“.

– Сениор НАТО мониторот, полковник Христос Стаматиу од НАТО корпусот за брзо распоредување – Грција (NATO Rapid Deployable Corps – Greece, NRDC-GR) оцени дека: „Eвалуацијата на Лесната пешадиска баталјонска група беше спроведена на многу професионален и компетентен начин. Сите членови од оценувачкиот тим беа целосно запознаени со методите и процедурите за евалуација, во согласност со соодветната документација на НАТО. Оценувачите, под постојано и високо ефикасно водство од директорот на оценувачкиот тим, ја искористија секоја можност да ги следат подготовките и дејствијата на единицата на терен и да ги евидентираат своите забелешки со прецизност и објективност“ – пишува во соопштението.

Во рамки на настанот, директорот на оценувачкиот тим, потполковник Горан Кимов истакнал дека е чест и гордост што ЛПБГ го заврши оценувањето со највисоки резултати.

– Припадниците на единицата покажаа одлични резултати и ги потврдија сите критериуми и стандарди на оценување – изјавил потполковникот Кимов.

На соопштувањето на оценката присуствувал и командантот на Првата пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, кој се заблагодарил на сите учесници на вежбата, како и на НАТО мониторите за покажаниот професионализам при извршување на задачите во рамките на вежбата.

– Со успешно реализираното оценување, ЛПБГ ја потврди својата обученост, високата борбена подготвеност и интероперабилност со сојузниците, што претставува значаен придонес во зајакнувањето на капацитетите на Армијата и НАТО – се нагласува во соопштението на Генералштабот на Армијата.

Најнови вести од: Македонија

Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот дипломатски скандал е политички избор, а не случајност

Од специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче, не слушнавме ниту еден збор осуда за објавувањето на оваа дипломатска нота, која е скандалозна по секоја основа. За Филипче ова очигледно не е тема што заслужува реакција

Мицкоски: Со Макрон и Мерц разговарав за можностите да се даде поттик за европскиот пат на земјите од Западен Балкан

Според неофицијалниот документ претставен од Франција и од Германија од самитот кој се одржа на почетокот на јуни, исполнувањето на одредени критериуми за прием ќе биде наградено со привилегиран пристап до заедничкиот европски пазар и можноат да се испратат набљудувачи во европските институции

Инфо денови во Свети Николе и Неготино: 22,3 милиони евра за грантови за 2.043 лица да отворат сопствен бизнис, за два дена над 1300 апликации

Информативни денови за презентирање на мерките од Оперативниот план за вработување за 2026 година денес се одржаа во општините Свети Николе и Неготино

To top