Свет

НАТО: Северноатлантскиот договор не предвидува исклучување на земја-членка

„Основачкиот договор на Алијансата не предвидува никаква одредба за замрзнување на членството или исклучување на земја“, коментираше за Би-Би-Си претставник на пактот

Северноатлантскиот договор, со кој е формиран НАТО, воопшто не содржи одредба што предвидува можност за исклучување на земја-членка од организацијата, изјави претставник на Алијансата, јави Би-Би-Си.

Реакцијата доаѓа откако дел од западните медиуми објавија, повикувајќи се на интерен документ на Министерството за одбрана на САД, дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп размислува за замрзнување на членството на Шпанија во НАТО поради несогласувањата поврзани со политиката кон Иран.

„Основачкиот договор на Алијансата не предвидува никаква одредба за замрзнување на членството или исклучување на земја“, коментираше за Би-Би-Си претставник на пактот.

Од друга страна, портпаролката на Пентагон, Кингсли Вилсон, за британскиот јавен сервис истакна дека и покрај сè што САД направиле за своите сојузници, тие „не биле со нив“.

Таа нагласи дека Министерството за одбрана ќе му обезбеди на претседателот Трамп „сигурни опции за да гарантира дека сојузниците веќе нема да бидат тигар од хартија, туку ќе си ја завршат својата работа“.

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека неговата земја ќе остане членка на НАТО.

– Шпанија е лојална членка на Алијансата која ги исполнува своите обврски, но во рамките на меѓународното право – изјави Санчез на Самитот на ЕУ на Кипар.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top