Бизнис

Електронското банкарство расте, но готовината останува крал во Македонија

Наспроти тоа, повозрасните генерации сè уште значително повеќе се потпираат на готовина. Лицата на возраст од 65 до 74 години од банкомати подигнале речиси двојно повеќе пари отколку што платиле со картичка на продажните места.

Иако интересот за електронско банкарство и дигитални плаќања постојано расте, Македонците сè уште значително повеќе се потпираат на готовина отколку на картички и онлајн плаќања.

Според анализата на емисијата „Бизнис Објектив“, во 2025 година граѓаните од банкоматите подигнале 3,6 милијарди евра готовина, што е за дури 53 отсто повеќе од износот што го потрошиле плаќајќи со картички на ПОС-терминали (2,3 милијарди евра).

Податоците на Народната банка покажуваат дека лани за онлајн плаќања се потрошени 470 милиони евра, што претставува значителен пораст во споредба со претходните години.

Директорката на Дирекцијата за платни системи во Народната банка, Билјана Доновска Гечева, изјави дека електронското банкарство бележи забележителен раст:

„Во 2025 година, во однос на 2024 година, кај електронските плаќања има раст од речиси 18% во бројот, а кај вредноста на извршените плаќања дури 28%. Ова е значително повеќе од растот кај плаќањата на шалтер, кој се движи меѓу 1% и 3%. Граѓаните ги препознаваат придобивките – плаќањата се поудобни, полесни, поедноставни, а истовремено сигурни и евтини.“

Таа додаде дека помладите генерации се најактивни во користењето на дигиталните канали, но дека и средната возраст, а се повеќе и повозрасните групи, почнуваат да ги користат.

Сепак, според податоците, разликата меѓу користењето на готовина и картички е најмала кај помладите возрасни групи. На пример, лицата на возраст од 25 до 34 години од банкомати подигнале 509 милиони евра, а со картичка платиле 429 милиони евра. Кај групата од 35 до 44 години, од банкомати се подигнати над 700 милиони евра, а со картичка се платени 620 милиони евра.

Наспроти тоа, повозрасните генерации сè уште значително повеќе се потпираат на готовина. Лицата на возраст од 65 до 74 години од банкомати подигнале речиси двојно повеќе пари отколку што платиле со картичка на продажните места.

Најнови вести од: Бизнис

АЛТА банка во знакот на штедењето – активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити

Од првите штедни навики кај најмладите до конкретните можности за штедење на граѓаните, АЛТА банка продолжува да ја поддржува културата на штедење како важен дел од финансиската сигурност и стабилност.

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

Најнови вести

To top