Македонија

На платен список, а пет години не одел на работа

Против 42-годишниот К.С., вработен во Општата болница во Струга, ОВР Струга поднесе кривична пријава за „несовесно работење во службата“

Од 1 јули 2019 година до денот кога му бил врачено отказното решение,  29 ноември 2024, лекарот од Струга не се јавил на работа, ниту пак го известил работодавачот дека го прекинал специјалистичкиот стаж.

Ситуацијата станува уште поинтересна ако се земе предвид дека од 15 јули 2020 година, па сè до отказот, пријавениот воопшто немал важечка лиценца за работа како доктор, бидејќи му истекла, а не била обновена во Лекарската комора.

И покрај тоа што со години не работел, лекарот уредно си примал плата, додатоци, што, според пријавата, довело до штета на буџетот на болницата во износ од речиси два милиони денари (поточно 1.956.569 денари). Со тоа, К.С. се стекнал со противправна имотна корист.

Симптоматично е како толку долго време никој во системот не забележал отсуство на вработен лекар, ниту пак дека работи без лиценца.

Од болницата засега нема официјална изјава, а предметот е предаден на Основното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Најнови вести од: Македонија

Повторно активен порталот за електронски услуги за граѓаните

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk повторно е ставен во функција по завршување на техничките активности. По реализираната техничка интервенција и надградба на системската опрема, повторно е овозможено нормално функционирање на порталот и непречен пристап до електронските услуги за граѓаните.

Како Македонија да се промовира како лидер во рударството во регионот?!

Експертската јавност препорачува Македонија да ги користи природните минерални богатства на ефикасен начин и во хармонија со еколошките, културните и природните вредности со што ќе се овозможи и создавање работни места. Ваквата констатација е наведена и во новата Стратегија за минерални суровини 2026-2046, на која работеше Македонската академија за науки и уметности, а вклучени беа […]

Клековски: Тројца директори на ЈЗУ вратиле по 500.000 денари, кои ги земале со неправилна пресметка на плата!

Тројца актуелни или поранешни директори на јавни здравствени установи вратија по 500.000 денари или вкупно 1,5 милиони денари, што ги земале врз основа на неправилна пресметка на плата. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој рече дека покрај медицинската контрола нивна континуирана активност е и финансиската контрола.

Пренџов: Очекувам новиот државен обвинител да ги открие сите сомнежи за сторен криминал од Заев, Зечевиќ, Спасовски, Ахмети!

-Јас од новиот обвинител очекувам во најбрз можен рок во една соодветна обвинителска предистрага и истрага да ги открие сите сомнежи за сторен криминал, а се поврзани со Зоран Заев, со кланот Заеви, со Миле Зечевиќ, со Оливер Спасовски, со Љупчо Николовски, со Али Ахмети. Многу документи изнесовме пишани, многу докази изнесовме во јавноста никој никогаш не ги демантираше, но исто така не го видоа и светлото на денот односно затаија некаде во Јавното обвинителство, изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Љупчо рече Пренџов во гостување во ТВ 24 во емисијата „Анализа“ .

„МКД.мк“: Филозофски факултет запишувал магистранти и докторанти без завршени додипломски и им наплаќал од 2 до 6 илјади евра?!

„Студенти без додипломски студии на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје биле запишувани на магистерски, а потоа и на докторски студии. Откако ова било откриено од Државниот просветен инпекторат и студиите им биле прекинати на запишаните студенти, сега нема кој да им ги врати парите. Се работи за десетина запишани студенти на магистерски и докторски студии, на кои по интервенција на инспекторите им биле прекинати студиите. Уписот на магистерски студии чини околу 2-3 илјади евра, а на докторските студии на Филозофскиот факултет чини 5-6 илјади евра.“ – објави информативниот портал „МКД.мк“ во својата статија со наслов „Филозофски факултет на магистерски и докторски студии запишувал луѓе без завршени додипломски “.

Најнови вести

To top