Свет

Ќе одговара за обид за убиство на американскиот претседател

Според американските медиуми обвинетиот може да биде осуден на доживотен затвор

Кол Томас Ален , кој отвори оган во хотел во Вашингтон за време на вечера во чест на новинари акредитирани во Белата куќа, е обвинет за обид за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп, објави CBS News.

На сослушувањето во федералниот суд, против него беа покренати уште две обвиненија: употреба на огнено оружје при извршување на насилно кривично дело и вооружен напад врз владин службеник.

Американските медиуми забележаа дека обвинетиот може да биде осуден на доживотен затвор.

„Тој се обиде да го убие претседателот на САД, Доналд Џ. Трамп“, изјави обвинителката Џоселин Балантин.

Во недела вечерта, 31-годишниот Кол Ален од Калифорнија отвори оган во хотел во Вашингтон за време на вечера во чест на медиумските работници.

На настанот присуствуваа Трамп, неговата сопруга и бројни членови на американската администрација. Напаѓачот беше приведен, а еден службеник на американската тајна служба беше ранет.

Според Трамп, животот на овој човек бил спасен од панцир и набрзо бил отпуштен од болница.

Според CBS News, осомничениот рекол дека целта му биле претставници на американската администрација, но Трамп не бил конкретно споменат.

Полицијата вели дека сè уште го утврдува мотивот на напаѓачот.

Најнови вести од: Свет

Кинески функционер осуден на смрт поради корупција од 324 милиони долари

Јанг во периодот од 1993 до 2023 година додека извршувал различни функции на незаконит начин се стекнал со 324 милиони долари во периодот готовина и средства додека извршувал разни владини позиции од 1993 до 2023 година

Американски инвестициски фонд ја купува авиокомпанијата „Изиџет“ за 6,4 милијарди евра

Веднаш по отворањето на Лондонската берза, акциите на easyJet пораснаа за 10,5 проценти, што го одразува оптимизмот на инвеститорите за можното склучување на еден од најголемите зделки во европската авиоиндустрија оваа година.

Кинески функционер осуден на смрт, поради корупција од 1993 до 2023 година кога „заработил“ 324 милиони долари

Поранешниот висок локален функционер во кинескиот град Нанџинг Јанг Јулин денеска е осуден на смрт поради корупција, злоупотреба на службена должност, перење пари и други кривични дела.

Брисел воведува „флексибилен ЕЕС“, поради хаосот и многучасовните чекања на патниците на границите и аеродромите

Портпаролот на Европската комисија Маркус Ламерс денес изјави дека Комисијата воведува „дополнителна флексибилност и поддршка за земјите-членки на ЕУ во спроведувањето на системот EES“ со цел да се ублажат, како што изјави, „привремените застои на границите“.

To top