Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Шлаканица од Вајц за Филипче

Му даваме совет на Филипче ако сака да оди напред нека гледа напред, исто така ако сака да оди напред треба да ги следи навреме работите и да не шири лажни вести“ соопштија синоќа од владејачката партија

Вајц: Македонија бележи напредок, интервјуто за бугарска ТВ е старо

„Еве сега и ќе му објасниме на Филипче зошто се занимава со глупости.

Прво, Вајц вечерва јасно кажа интервјуто е старо и оти дадено е пред седум недели.

Второ, Вајц јасно се осврнува на напредокот на Македонија на патот кон Европската унија, односно на реализирање на европската агенда.

Му даваме совет на Филипче ако сака да оди напред нека гледа напред, исто така ако сака да оди напред треба да ги следи навреме работите и да не шири лажни вести“ соопштија синоќа од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, Филипче претходно реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски во врска со извештајот на Томас Вајц и во објава на социјалната мрежа „Х“ го проблематизираше ставот на Мицкоски, кој претходно изјави дека медиумите читале извештај кој е „комплетен антипод“ од поставените прашања.

 

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски ја обвини СДС за ширење хистерија и политизирање на западнонилската треска!

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски реагираше на обвинувањата на СДС за наводно „задоцнето справување со комарците и зголемениот број случаи на западнонилска треска“. Преку општествената мрежа тој нагласи: „Новата хистерија на СДС, по хистеријата за скопската вода, е оваа за комарците. Но, здравјето на скопјани е премногу сериозна работа за да биде средство за дневнополитички поени.“

To top