Македонија

Османи: ВРЕДИ нема „тежина“ во Владата, Мицкоски ги носи одлуките

Според него, ова е затоа што ВРЕДИ во Владата е дефакторизиран

 

 

„ВРЕДИ нема автономија на донесување одлуки во Владата. Одлуките таму ги носи премиерот. Секој ден одат еден по друг кај премиерот, жалејќи се дека овој го прави ова, овој таму го крши законот. Дури и самиот премиер изјави дека троши повеќе енергија за помирување на партиските лидери во ВРЕДИ отколку за движење на кој било процес напред“, изјави Османи.

„Самите амбасадори ми велат: Изненадени сме како политичка партија, чие гласачко тело е 100% про-ЕУ, не може да помогне во процесот на ЕУ.“ Ова го изјави заменик-лидерот на ДУИ, Бујар Османи, во емисијата „Дебата во Шења“, зборувајќи за улогата на ВРЕДИ, во однос на интеграцијата на земјата во ЕУ.

Според него, ова е затоа што ВРЕДИ во Владата е дефакторизиран.

Според него ВРЕДИ немаат тежина во Владата, бидејќи влегле без мандат, а воедно ја покрена и дилемата дека според него „во ВРЕДИ постои и идеолошка дилема во врска со европската иднина на земјата“.

На Османи му беше поставено прашање и за тврдењата дека ДУИ е зад вратата за да влезе во Владата, но тој одговори дека тие никогаш не биле зад вратата, но дека имаат мандат да бидат во оваа Влада.

Најнови вести од: Македонија

Аларм: Секое 10-то дете во Македонија изложено на сексуална злоупотреба на интернет

Секое десетто дете во Македонија на возраст од 12 до 17 години коешто користело интернет било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба. Станува збор за околу 12.000 деца, бројка што ја потврдува и последното истражување на УНИЦЕФ.

(Видео): Проблемот со кравите во Крива Паланка стигна до Обвинителството – Општината поднесе кривични пријави

Крива Паланка, заедно со жителите од засегнатите села, поднесоа неколку кривични пријави до Обвинителството поради институционално непостапување по извршни решенија за одземање на добитокот што слободно шета во градот и пошироко.

УКИМ не платил сметки за струја, ако не се плати долгот – факултетите ќе останат во мрак

Дел од државните факултети и Ректоратот од утринава се во мрак поради неплатени сметки за електрична енергија. Ова за Телма го потврдија и од ЕВН. Без струја останаа Машинскиот, Електротехничкиот, Природно – математичкиот, земјоделскиот факултет, но и зградата на Ректоратот.

Велковски: Во владина постапка се измените на Законот за детска заштита, од 2027 поголема поддршка за децата со посебни потреби

Измените на Законот за детска заштита веќе се во владина процедура, каде се предвидува зголемување на постоечките државни износи за поддршка, со посебен фокус на децата со посебни потреби, изјави министерот за труд и социјална политика и млади, Ѓоко Велковски одговарајќи на пратенички прашања во Собранието, нагласувајќи дека се очекува овие измени брзо да ја поминат собраниската процедура и од 1 јануари 2027 година децата од оваа категорија да добијат зголемени средства.

Николоски: Од 1 јануари 2027 државата ќе биде единствен организатор на интернет-игрите на среќа и ВЛТ терминалите

Владата останува на ставот за ограничување на игрите на среќа и веќе презеде конкретни законски мерки со кои се намалуваат можностите за нивно организирање, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, одговарајќи на пратеничко прашање на Јована Мојсоска од Левица поврзано со работењето на Државна лотарија, односно дали Владата ќе иницира разрешување на директорот на Државна лотарија, Александар Климовски, како и дали ќе биде затворена платформата за онлајн коцкање „Мегавин“.

To top