Македонија

Радио Лидер: Како и зошто ИРЛ и Сашка Цветковска добиле 150 илјади евра државни пари

Анализа на ,,МОНСТРУОЗНАТА ФИНАНСИСКА МАЛВЕРЗАЦИЈА”

Уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев вчера доцна навечер објави дека утрово во 09:00 часот на фреквенцијата на Радио Лидер во Скопје (98,1 ФМ) и во живо на YouTube каналот на Радио Лидер ексклузивно ќе се зборува за можен тежок криминал во МТВ.

Златев најавува повеќе теми:

– ГИ ИСТРАЖУВАМЕ ФИНАНСИСКИТЕ КРИМИНАЛИ НА ИСТРАЖУВАЧИТЕ.
– МОНСТРУОЗНАТА ФИНАНСИСКА МАЛВЕРЗАЦИЈА НА ИРЛ И САШКА ЦВЕТКОВСКА СО КОЈА СОБРАА 150.000 евра државни пари!
– Сведоштво за уцена.
– Сите спорни точки во нивниот договор со МРТ. За колку емисии и документарци добиле пари, а колку реализирале?
– Постои ли начин да им се вратат парите на граѓаните?
– Истражувања, бројки, анализи, дебата.
Гостите, ќе ги дознаете изутрина.

Радио лидер се слуша и на интернет.

Истражувачката репортерска лабараторија (ИРЛ) предходно во два наврати беше осудена за клевета а во моментов е под тужба за нарушување на авторски права откако во еден од своите документарци украла авторски видеа од други медиуми.

Лани ИРЛ имала пријавен приход од околу 500 илјади евра од кои околу една третина се од буџетот на МТВ.

Емисијата на ова видео

Најнови вести од: Македонија

Ангелов: Утринава ветрот ги префрли пламените јазли кон Бонче, но храбрите пожарникари ја спречија катастрофата и ги спасија куќите!

Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче, каде утрово околу 4 часот силен ветер ги префрлил пламените јазици кон населеното место, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, огнот брзо се спуштил кон долот и се приближил до куќите, а ситуацијата била исклучително сериозна.

ЦУК: На отворен простор 31 пожар во изминатото деноноќие во Македонија, осум се активни

Целосно се изгаснати 23 пожари од оние 31 на отворен простор ширум Македонија, информира Центарот за управување со кризи. Пожари биле регистрирани во Крушево, Битола, Делчево, Штип, Струга, Вевчани, Липково, Куманово, Валандово, Сарај, Студеничани, Врапчиште, Тетово, Чучер Сандево, Карпош, Струмица, Василово, Прилеп и Гостивар.

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза

Запуштената површина на плоштадот „Македонија“, која граѓаните со години ја нарекуваа „ливада“, конечно добива нов и достоинствен изглед, напиша во објава на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски

Српски туристи се налутија и сега скапо си го плаќаат инаетот: Заглавија на границата со Бугарија оти не сакаат да плаќаат казни

Српски возач во Македонија, македонски возач во Србија или кој било странец во Бугарија мора да ги почитува прописите на државата низ која вози. Регистарската табличка не е дипломатски пасош, анализира Плус инфо

To top