Македонија

Муцунски: Нема уставни промени

„Се надевам дека во Софија ќе има свест дека европската перспектива за нашата земја е важна за целиот регион“, порача шефот на македонската дипломатија

„Во врска со билатералните односи со Бугарија, сакам да бидам многу јасен. Во овој контекст, нашата земја не е подготвена за уставни промени. Постои недостаток на доверба и кредибилитет во однос на обезбедувањето услуги за нас како земја, па затоа во овој момент нема услови за уставни промени и Владата не е подготвена да преземе какви било чекори кон уставни промени.“

Ова го изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој е во прва официјална посета на земјата.

Шефот на дипломатијата Муцунски рече дека постои недостаток на доверба и кредибилитет во однос на обезбедувањето услуги за нас како земја, па затоа Владата не е подготвена да преземе какви било чекори кон уставни промени.

Коментирајќи ги случувањата во Бугарија и преземањето на мандатот од страна на Радев, Муцунски рече дека земјата е подготвена за дијалог.

„Она што можам да ви кажам е дека отсекогаш сме биле подготвени за дијалог и сме подготвени за него и сега. Немаше волја за таков дијалог од страна на соседна Бугарија со претходната Влада.

Се надевам дека во Софија ќе има свест дека европската перспектива за нашата земја е важна за целиот регион.“

„Дури и ако нема таква свест и ако таква свест не се развие, тоа не значи дека размислуваме за каква било алтернатива, туку ќе продолжиме по патот на реформите, ќе продолжиме по патот на почитување на заедничката надворешна и безбедносна политика и ќе продолжиме да ги споделуваме тие европски вредности во кои веруваат огромното мнозинство од нашите граѓани.

Но, ако прашањето е дали сме подготвени за уставни промени во овој контекст и во оваа ситуација, не сме подготвени. И нека нема дилеми околу ова прашање“, рече Муцунски, изјави Тимчо Муцунски.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој […]

To top