„Тоа што ние го правиме во здравствениот сектор е нешто кое што не се случувало со години, па и со децении би рекол, вклучително и проширувањето на позитивната листа. Очекуваме во месеците кои што следат нови убави вести за македонските граѓани со нови лекови кои ќе бидат вклучени на позитивната листа. Но, исто така мораме да бидеме свесни дека здравствениот систем е сериозен предизвик за сите нас и како таков мораме да се однесуваме кон него. Ако ние континуирано продолжиме да го исцрпуваме, на начин на кој што го исцрпуваме во моментот, а истовремено да очекуваме квалитетни услуги и сервис, тоа е невозможно“, рече Мицкоски.
Тој кажа дека конечно е дојдено време кога треба да си го поставиме прашањето што можеме ние да направиме за татковината, а не татковината за нас.
„Ние како влада ќе сториме сè што е во наша моќ да ги заштитиме интересите на граѓаните и државата, но очекуваме такво однесување буквално од сите, затоа што ние не можеме да се однесуваме како поединци, не велам дека тоа е пракса, во здравството се однесуваат да речеме, се пишуваат дежурства итн. за 31 ден работен во февруари, со 24 часа работа, а истовремено да очекуваме да вложуваме во здравството. Така што ќе треба и ние многу повеќе да водиме сметка за општиот интерес и интересот на граѓаните“, рече Мицкоски.